Обвинителството во Нови Сад најави дека итно ќе реагира на секој облик на насилство

June 2, 2024
1 min read

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад најави дека во согласност со неговата надлежност утврдена со закон, ќе ги преземе сите дејствија и ќе ги изврши потребните проверки во врска со сите поднесени кривични пријави поврзани со локалните избори на 2 јуни, јави дописникот на МИА од Белград.

-Вишото јавно обвинителство во Нови Сад и Основното јавно обвинителство во Нови Сад, во соработка со Полициското одделение во Нови Сад, итно ќе реагираат на секаков облик на насилство и нарушување на јавниот ред и мир и ќе ги преземат сите мерки за идентификација и гонење, се наведува во соопштението.

Министерството за внатрешни работи на Србија претходно соопшти дека за време на изборите досега немало сериозни инциденти, освен нападите врз полицијата и оштетување на имотот на Новосадскиот саем.

Граѓани и опозициски активисти и функционери денеска околу 14 часот влегоа во зградата на Новосадскиот саем каде дојде до вербален конфликт со обезбедувањето на зградата, при што мораше да интервенира и полицијата.

Српската напредна партија (СНС) тврди дека во просториите на Новосадскиот саем се наоѓа нивниот кол-центар, и да приврзаниците на опозицијата при нивното насилно влегување, ја скршиле вратата.

Борислав Новаковиќ, носителот на листата „Обединети за слободен Нови Сад“, за медиумите изјави дека во тој кол-центар на СНС се вршени незаконски активности.

Опозицијата во Нови Сад наведува и дека се работи за злоупотреба на јавните ресурси, како и дека СНС има паралелни избирачки списоци.

Исто така, порталот Данас објави дека нивниот новинар Угљеша Бокиќ бил удрен од непознато лице пред Новосадскиот саем, а агенцијата Бета наведува дека кон новинарите, опозициските активисти и граѓаните бил фрлен солзавец.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Голема тага во „Ѕвездите на Гранд“: Убиена е жената која работеше со пејачите, ја убил нејзиниот сопруг

Следно

Далиќ: Респект за Македонија и на овој меч ќе дадам шанса на 16 фудбалери

Latest from Blog

Руска служба за разузнавање: ЕУ подготвува „српски Мајдан“

Европската унија подготвува „Мајдан“ во Србија, моменталните немири во земјата со активно учество на млади луѓе кои се во голема мера „производ на субверзивни активности“ на Брисел, според соопштението на СВР на

Гвардиола: Во последните денови многу зборувавме за тоа какви треба да бидеме

фото: Manchester City (X) Пеп Гвардиола зборуваше по класичната победа на Манчестер Сити од 3-0 во дербито над Манчестер Јунајтед. Победата ја прекина серијата од два порази на „Граѓаните“ во Премиер-лигата, а

Божиновска: Македонскиот рубин добива институционална заштита

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини започна процес за официјална заштита на македонскиот рубин, соопшти министерката Сања Божиновска. На првиот состанок меѓу Министерството, Геолошкиот завод и Заводот за индустриска сопственост беа
Go toTop