Обвинителството се огласи по повод случајот „Организатори на 27ми април“, еве што соопштија

December 24, 2024
1 min read

Од Јавното обвинителство се огласија по повод информациите за случајот „Организатори на 27ми април“, откако денеска се појавија информации дека може случајот да „падне“.

„Со оглед на интересот на јавноста во врска со денешното рочиште по предметот познат во јавноста како „Организатори на 27ми април“, а во поглед на важењето на Законот за амнестија за дел од обвинетите во предметот, во насока на објективно информирање, Ве известуваме дека Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција постапувајќи по барањето на Основниот кривичен суд Скопје достави мислење во однос на поднесените барања од обвинетите против кои се води постапка во однос на примената на Законот за амнестија.

Мислењето е донесено врз основа на заземен став на Стручниот колегиум на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија во проширен состав, откако со напатствија на Апелацискиот суд Скопје, Основниот кривичен суд Скопје беше задолжен да се произнесе во поглед на важењето на амнестијата за дел од обвинетите. При носењето на мислењето, јавното обвинителство ја имаше предвид и правната аргументација од веќе донесеното решение на судот од 20.12.2018 година со кое еден обвинет беше ослободен од гонење за кривичното дело – Терористичко загрозување на уставниот поредок од чл.313 од КЗ пред фазата на изведување на докази.

Во мислењето се истакнува дека барањето на одбраната на обвинетите за примена на законот не може да се спори, дотолку повеќе ако се земат предвид обвинетите и осудените што веќе се амнестирани. Ваквото мислење јавниот обвинител детално го образложи, пред сѐ имајќи ги предвид обележјата на кривичното дело „Терористичко загрозување на уставниот поредок“ и својството во кое секој од обвинетите ги исполнил тие обележја, а кое својство е клучно за оценка дали може или не може да се примени институтот од Законот за амнестија.

Обвинителството во мислењето на јасен начин се произнесе во однос на примената на Законот за амнестија истакнувајќи:

„Обвинетите бараат примена на овој закон, кое нешто како уставно право секако им припаѓа, да се повикаат на примена на институтот кој е отелотворен во донесениот закон за амнестија. Оттука барањето на одбраната за примена на законот, за нивен еднаков третман пред законот како и останатите осомничени и обвинети кои добија амнестија врз основа на истиот закон е нешто кое не може да се спори“.

Почитувајќи ги законските одредби и имајќи ги предвид ограничувањата при примената на законот, обвинителството темелно ги образложи причините за своето мислење со кое наоѓа дека кај тројца од обвинетите законските одредби налагаат амнестија, додека кај еден обвинет не може да се примени овој правен институт, бидејќи за истиот важат исклучоците од амнестијата која ја дал законодавецот со своето законско решение.

Во секој случај имајќи ја предвид фазата во која се наоѓа оваа постапка, обвинителството е обврзано според Законот за амнестија да даде мислење, но судот ја носи конечната одлука по свое наоѓање и убедување како краен арбитер. ​“, велат од Јавното обвинителство.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Едукативна музичко-сценска претстава „Трите самовили го Бараат Дедо Мраз“

Следно

Судот ја одби жалбата на одбраната на Артан Груби за мерката притвор

Latest from Blog

Министерство за енергетика: Зајакнат инспекциски надзор и јавно достапни податоци за концесиите

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини презема конкретни мерки за повисоко вреднување на природните ресурси, доследно исполнување на концесиските обврски и поефикасен надзор во рударството. Зголемени се концесиските надоместоци, наплатата во

Божиновска: Поевтина струја од ЕСМ, конечниот збор за горивата го има Регулаторна

Производството на електрична енергија е стабилно, а ЕСМ обезбедува сигурно снабдување по пониски продажни цени, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на

„Трафигура“, најголемиот акционер во рудникот „Иловица – Штука“, ќе ја снабдува Германија со гас

Една од најголемите светски компании за трговија со енергенси и суровини и мнозински сопственик на проектот за рудник за бакар „Иловица – Штука“  „Трафигура“, склучи договор за кредит од 1,5 милијарди американски

Над 42,5 милиони денари промет на Берзата, најголем дел преку блок со „Авто гума“

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 29.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.854,91 поени. Во однос

Од фармата до чашата: Како се следи квалитетот на млекото во „Здравје“

Колку потрошувачите знаат за млекото што секојдневно го пијат? Повеќето ја проверуваат масленоста на амбалажата, го избираат посакуваниот производ и продолжуваат со купувањето. Но, бројката на пакувањето не ја раскажува целата приказна.
Go toTop