Обвинителство: Течат законските рокови во кои одбраната може да изврши увид во доказите за пожарот во Кочани

May 30, 2025
1 min read

Од Јавното обвинителство денеска соопштија дека во рамки на истражната постапка за пожарот во дискотеката „Пулс“ која што официјално заврши, собрани се огромен број на докази. Прибрани се материјални докази и документација, обезбедени се детални обдукциски вештачења и извршени се распити на околу 400 сведоци и оштетени, а испитани се и осомничените. 

– По наредба на јавните обвинители, полициски службеници и истражители од истражните центри на обвинителството, на лице место на трагичниот настан и на повеќе други локации, прибраа материјални докази и документација кои беа предмет на вештачење. Обезбедени се детални обдукциски вештачења за причините за смрт на секој од починатите, како и за видот и карактерот на повредите кај повредените лица. Изготвени се градежно и хемиско вештачење, со кои се испитаа околностите во самиот објект, безбедносните стандарди, како и начинот на настанување и ширење на пожарот. Во однос на определен дел од документацијата за клубот се вршеше и графолошко вештачење. Извршени се распити на околу 400 сведоци и оштетени, а испитани се и осомничените. Од бројни електронски уреди (компјутери и мобилни телефони) се вршеше извлекување и анализа на податоци, кои се вкрстуваа со останатите информации добиени во текот на истрагата. Во однос на работата и функционирањето на клубот проверки по насока на јавен обвинител вршеше и Управата за финансиска полиција, информираше Јавното обвинителство.

Со завршувањето на истражната постапка, во следниов период течат законските рокови во кои одбраната може да изврши увид во доказите и да предложи свои докази, по што ќе биде донесена јавнообвинителска одлука. 

Со истражната постапка опфатени се вкупно 46 осомничени лица кои се сомничат за „тешки дела против општата сигурност“ од член 292 во врска со член 288 од Кривичниот законик.

Од Јавното обвинителство додаваат дека доказите кои се прибрани во текот на оваа истражна постапка, а се однесуваат на постапувањето на полициските службеници, обвинителскиот тим ќе ги достави на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција каде Специјализираното одделение до овој момент спроведува истрага против 14 полициски службеници.

– Овој дел од истрагата ќе продолжи и во следниот период со цел целосно испитување на сите факти и околности, велат од Обвинителството.

Оттаму додаваат дека јавнообвинителската одлука за секој од осомничените поединечно ќе биде донесена врз основа на целокупниот доказен материјал. Дополнително, доколку од анализата на овие или други докази се утврдат елементи на кривично дело и кај други лица, кои до овој момент не се опфатени со истражната постапка, обвинителството ќе постапува согласно своите надлежности.

Во пожарот во Кочани загинаа 63 лица, а околу 200 беа повредени.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фидан: Мировните преговори во Истанбул им дадоа „нова димензија“ на напорите за мир на Русија и Украина

Следно

Експлозија во српска воена фабрика, повредени петмина

Latest from Blog

Ормускaтa Tеснина останува отворена за сите освен за бродови поврзани со непријателите, тврди ирански претставник

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ги нападне иранските електрани ако пловниот пат не биде целосно отворен во рок од 48 часа. Заканата од ирански напади за време на американско-израелската

Манасиевски: Дали Башановиќ бил посредник за матни бизнис зделки во енергетиката и промената на името на државата кое Заев и Филипче го спроведоа?

На денешната прек конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ упати неколку прашања кој СДСМ, тој паташа: „СДС да одговори, дали нивниот ПР шеф Башановиќ бил посредник за матни бизнис зделки

Николоски најави – Штип ќе стане туристички центар со ново вештачко езеро

Штип и источниот дел на Македонија ќе добијат прво туристичко вештачко езеро, кое се очекува да биде завршено до 2027 година, пред предвидениот рок, истакна Александар Николоски. Изградбата на браната на реката

Спалети: Ни недостасува зрелост во играта

Екипата на Јувентус синоќа направи нок кикс во домашниот Серија А шампионат, откако одигра на домашен терен само 1:1, против екипата на Сасуоло. Иако поведе на време уште во 14. минута преку
Go toTop