Фидан: Мировните преговори во Истанбул им дадоа „нова димензија“ на напорите за мир на Русија и Украина

May 30, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Мировните преговори меѓу Москва и Киев, што се одржаа во Истанбул на 16 мај, додадоа „нова димензија“ во потрагата по дипломатско решение, изјави денес турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан за време на неговата посета на Украина, јавува Анадолу.

Фидан ги даде овие коментари на заедничката прес-конференција со неговиот украински колега, Андриј Сибиха, во Украина.

„Докажавме дека руско-украинските преговори во Истанбул можат да дадат конкретни резултати“, рече Фидан, изразувајќи ја желбата на Анкара да го одржи импулсот постигнат во Истанбул.

„Или ќе толерираме продолжување на оваа (руско-украинска) војна или ќе постигнеме траен мир во текот на оваа година“, нагласи тој.

„Веруваме дека преговорите во Истанбул би можеле да бидат крунисани со средба, со Трамп, Путин и Зеленски, организирана од страна на Ердоган“, додаде Фидан.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Анчелоти: Го напуштив Реал бидејќи резултатите не беа во согласност со очекувањата

Следно

Обвинителство: Течат законските рокови во кои одбраната може да изврши увид во доказите за пожарот во Кочани

Latest from Blog

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт

Божиновска: Енергетската безбедност е неопходност, Македонија работи на нови правци за снабдување

Изградбата на гасниот интерконектор со Грција напредува, а завршувањето на македонската делница се очекува до средината на 2027 година. Поврзувањето со Србија е планирано за 2028 година, соопшти министерката за енергетика, рударство

Од каде доаѓа млекото за Млекара „Здравје“

Најголемиот дел од суровото млеко за Млекара „Здравје“ доаѓа од фармата на ЗК „Пелагонија“, а дел се откупува и од сточари во пелагониските и потпелистерските села. Зад млекото што пристигнува во млекарницата

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу
Go toTop