Обвинителство: Сите докази во предметот за Онкологија се обезбедени и веќе се анализираат од стручни лица

November 2, 2023
1 min read

реклама


Во рамки на предистражната постапка за предметот поврзан со работата на Клиниката за радиотерапија и онкологија, со барање од 13 септември 2023, Основното јавно обвинителство Скопје ги обезбедило сите изготвени извештаи од извршените вонредни надзори на Фондот за здравствено осигурување, за финансиското работење на Клиниката, за периодот 1 јануари 2015  – март 2023 година.

-Нов тримесечен извештај, за периодот до јуни 2023 година, согласно информациите добиени од Фондот, е во финална фаза на изработка и веднаш потоа ќе биде доставен до Обвинителството. Нагласуваме дека до овој момент воопшто не е изготвен извештај што го опфаќа периодот до август 2023 година. Сите докази во предметот се обезбедени и веќе се предмет на анализа од стручни лица, информира државното Јавно обвинителство. 

реклама

Посочува и дека предистражната постапка не опфаќа одреден временскиот период и ги испитува сите евентуални незаконитости без разлика кога се случиле.  

-Секој што има дополнителни сознанија за овој настан има обврска да ги пријави до надлежните органи, наведува ЈОРСМ во соопштението. 

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Изет Меџити: ДУИ врз Врховен суд врши притисок со барањата за враќање на Никола Груевски

Следно

Војна, фаза на конфискација

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop