ОБВИНЕТИОТ ЗА УНИШТУВАЊЕТО НА АРХЕОЛОШКИОТ ЛОКАЛИТЕТ ВЛАХО КАЗНЕТ СО УСЛОВЕН ЗАТВОР ОД ЕДНА ГОДИНА И 360.000 ДЕНАРИ

June 16, 2023
1 min read

Основното јавно обвинителство Битола поднесе предлог-спогодба со едно физичко и едно правно лице кои се товареа за уништувањето на источната периферија на археолошкото наоѓалиште Влахо во селото Живојно, Општина Новаци. Предлог-спогодбата е потврдена и од Основниот суд во Битола. 

На обвинетиот Г. С., како одговорно лице во правното лице кое ги вршеше недзоволените ископувања на локалитетот, му е изречена условна казна затвор од една година која нема да се активира доколку во рок од три години не стори ново кривично дело и доколку не почитува одредени обврски.

Правното лице не смее да врши експлоатација на јаглен од подрачјето на локалитетот Забрдо, Општина Новаци, сè додека не се изврши јасно означување и оградување на подрачјето на кое се протега локалитетот Влахо, како и на подрачјата на кои се претпоставува дека се протегаат локалитетите Бел Камен и Кералот. Ископувањата не смеат да се вршат и сè до завршувањето на заштитните археолошки истражувања.

Истовремено, на обвинетото правно лице му е изречена парична казна од 360.000 денари и должно е да ги надомести и трошоците за геодетско вештачење

Во периодот од ноември 2022 до 3 март 2023, обвинетиот Г. С. преземал дејствија во име и за сметка на осомниченото правно лице, со што ја уништиле источната периферија на археолошкото наоѓалиште Влахо во селото Живојно, Општина Новаци, кое претставува регистрирано недвижно добро. Иако обвинетиот управител знаел дека во рамките на концесиското поле се наоѓа археолошкото наоѓалиште Влахо, кое претставува културно наследство на кое не смее да се врши експлоатација, сепак ангажирал подизведувач – друго правно лице од Битола, на кое му дал насоки да започне со експлоатацијата на јаглен“, соопшти Основното јавно обвинителство Битола.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ФОТО+ВИДЕО) Поплави во Србија: Сообраќајот кај Краљево во прекин, дел од автопатот однесен од вода

Следно

Изложба 20 години Арт Поинт – Гумно: „Убавина уловена пред да исчезне“

Latest from Blog

Стејт департментот нуди награда од три милиони долари за информации за напади врз американските објекти во Ирак

Објавата уследи откако Амбасадата на САД во Багдад, Генералниот конзулат во Ербил и Центарот за дипломатска поддршка во Багдад постојано се цел на напади од почетокот на војната меѓу САД и Израел

Николоски: Политиките на субвенционирање донесоа силен раст во авиосообраќајот

Значителен раст на бројот на патници и отворање на нови авиолинии бележат македонските аеродроми, што според заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски е резултат на актуелниот модел на

Ќе ги отстрани ли некој питачите на семафори: Загрозуваат безбедност, а казните се 15 евра

Конкуренцијата на питачи на раскрсниците низ Скопје се зголеми во последните месец дена и со тоа се зголеми и ризикот по сите учесници во сообраќајот. До неодамна само на две-три раскрсници имаше
Go toTop