Објавени се конкурсите за државните награди „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ и „Мето Јовановски“

September 30, 2024
1 min read

Министерството за култура и туризам денеска ги објавеи конкурсите за државните награди „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ и „Мето Јовановски“. Конкурсите траат од 1 до 31 октомври.

Одборот за доделување на државната награда Мито Хаџи Василев-Јасмин“ го распиша конкурсот за доделување на државната награда за  2024 година.

Со државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ се оддава признание за остварувања во областа на публицистиката и новинарството.

Државната награда им се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани.

Државната награда се врачува во Собранието на РСМ на 21 декември,  денот на раѓањето на Мито Хаџи Василев-Јасмин.

Иницијатива за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ може да поднесат: установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и граѓани.

Конкурсот трае од  1 до 31  октомври 2024 година.

Одборот за доделување на државната награда „Мето Јовановски“ го распиша конкурсот за државната награда за 2024 година.

Со државната награда „Мето Јовановски“ се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права. Наградата се доделува секоја година на 10 декември, Меѓународниот ден на човековите права.

Државната награда им се доделува на поединци, здруженија на граѓани, неформални групи и други правни субјекти.

Иницијатива за доделување на државната награда „Мето Јовановски“ може да поднесат здруженија на граѓани, граѓани, странски државјани, како и други правни субјекти во земјава и во странство.

Конкурсот ќе трае од  1 до 31 октомври 2024 година.

Конкурсите се достапни на следниве линкови:

Конкурс за државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“

Конкурс за државната награда „Мето Јовановски“

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Костов: Поради стресот кардиоваскуларни заболувања има и кај млади лица

Следно

Рускиот премиер пристигна во официјална посета на иранскиот главен град Техеран

Latest from Blog

Општина Прилеп: Од 14 септември се спроведува дератизација на канализационата мрежа

Општина Прилеп ги информира граѓаните дека од 14 септември 2026 година ќе започне спроведувањето на превентивна систематска дератизација на канализацискиот систем на територијата на Општина Прилеп. Дератизацијата ќе се спроведува согласно договорот

СКАНДАЛ ВО ПРЕМИЕР-ЛИГА: ВАР призна дека направил грешка за голот на Халанд!

ФОТО:facebook.com/mancity Судиската комисија во Англија призна дека е направена грешка, откако ВАР го призна победничкиот гол на Ерлинг Халанд за Манчестер Сити против Манчестер Јунајтед, игнорирајќи го влијанието на офсајд-позицијата на Енцо

Нова ескалација во близина на Ормускиот Теснец – има загинати!-Погоден ирански трговски брод!

 Британската агенција за поморски трговски операции (UKMTO) соопшти дека бродот бил погоден од проектил додека минувал низ Ормускиот Теснец, без да наведе дополнителни детали. Засега нема соопштение од американската војска, која претходно
Go toTop