Објавена нова снимка од вооружената група која ја нападна косовската полиција, дел од групата е и Милан Радојчиќ

September 26, 2023
1 min read

ПРИШТИНА (АА) – Министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечла, објави неколку нови снимки од манастирот Бањска во Општина Звечан, каде дел од групата што ја нападна косовската полиција се наоѓа во просториите на манастирот, пренесува Анадолу.

Во објавената снимка, Свечла преку социјалните мрежи нагласи дека и Милан Радојчиќ, потпретседателот на најголемата српска партија на Косово, Српска листа, е дел од црната листа на САД и Обединетото Кралство.

„Главниот криминалец Радојчиќ беше водач на оваа терористичка група и на нападот во кој беше убиен полицаецот Африм Буњаку. Ова е уште еден доказ за неговата терористичка активност против Република Косово. Потпретседателот на Српска листа е водач на терористичкиот напад и групата терористи“, нагласи Свечла.

Тој истакна дека мапата на терористичкиот напад секојдневно се разјаснува, и додаде: „Александар Вучиќ преку Српска листа, а тие преку нивниот потпретседател Радојчиќ, ја презеле терористичката акција против правниот и уставниот поредок на Република Косово, обидувајќи се да ја дестабилизираат нашата република.“

„Значи Српска листа го гледа своето учество во Косово само на терористички начин. Не успеаја“, додаде Свечла.

Тој нагласи дека деновите на жалост што денеска ги објави Србија и Српска листа „веќе се печат на авторството на овој акт“.

Во неделата во раните утрински часови по напад на единицата на косовската полиција, убиен е полицаецот Африм Буњаку.

Исто така, според косовските власти, бројот на убиените од терористичката група достигна четири.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Секој ден станува се појасно дека Ковачевски не е дораснат за функцијата премиер

Следно

Франција: На аукција скелет на диносаурус стар 150 милиони години

Latest from Blog

Израел се закани: Доколку Хамас киднапира еден заложник, насилно ќе евакуираме милион граѓани на Газа

Кац рече дека неговата закана доаѓа по разузнавачките информации за можни потези на Иран, Турција и нивните сојузници, вклучително и Хамас, пишува The Jerusalem Post. Тој тврди дека Израел сака да користи

ЕВН: Набавката на броила поминала низ утврдена постапка и проверка на сите критериуми

Во однос на самата постапка, од ЕВН Македонија нагласуваат дека набавката била спроведена согласно законските прописи и однапред утврдените процедури. „ЕВН Македонија ја спроведе постапката за набавка на броила во целосна согласност

По пукањето во Маниса приведени малолетникот, неговите родители и дедо му – 11 се ранети

Гурлек соопшти дека малолетникот кој пукал пред училиштето е приведен, како и неговите родители и дедо му. Инцидентот се случил околу 8 часот наутро по локално време во градот Тургутлу, во близина
Go toTop