Обилните дождови предизвикаа поплави во Солун и на Халкидики

June 17, 2023
1 min read

Дождот предизвикал противпожарната бригада да се справи со повеќе од 300 итни повици низ северна Грција, вклучително и Солун и Халкидики, а кои се однесувале за испумпување на вода од куќите, сечење дрвја и пренесување на жителите на безбедно

ФОТО: EPA-EFE/ACHILLEAS CHIRAS

Невремето што денеска ги погоди областите во западниот дел на Солун, како и центарот на градот, предизвика прекин во снабдувањето со електрична енергија, а поплави и неколку куќи, изјави директорот за цивилна заштита на регионот Централна Македонија, Хараламбос Стергијадис, за државната новинска агенција АМНА.

Тој додаде дека дождот предизвикал противпожарната бригада да се справи со повеќе од 300 итни повици низ северна Грција, вклучително и Солун и Халкидики, а кои се однесувале за испумпување на вода од куќите, сечење дрвја и пренесување на жителите на безбедно.

„Неповолните врнежи ги погодуваат областите околу Муданија, како и Халкидики, каде што имаше прекини во електричната енергија. Поплавени се и неколку патишта во регионот, поради што сообраќајот е прекинат“,

додава тој.

Слични проблеми се случија во градот Касторија, принудувајќи го градоначалникот Јанис Коренцидис да побара во неговата општина да биде прогласена  вонредна состојба бидејќи поројниот дожд влијаеше на земјоделското производство.

Грчката национална метеоролошка служба предупреди дека денеска се очекува дожд и невреме со грмежи и можна појава на град во повеќето области на Грција, вклучително и островите.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Картахена – живописен град на карипскиот брег на Колумбија

Следно

(ВИДЕО) Престрелка меѓу мигранти на периферијата на Суботица, тројца ранети

Latest from Blog

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:

Силен земјотрес во близина на Закинтос

Во морскиот дел југозападно од грчкиот остров Закинтос беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, а не се пријавени повредени лица или причинета материјална штета, јави дописничката на МИА

ОН: Израелското ограничување на влезот на хуманитарна помош во Газа „загрозувачко по живот“

ХАМИЛТОН (АА) – Обединетите нации (ОН) денес предупредија дека израелските ограничувања за влез на хуманитарната помош во Појасот Газа, вклучително и испораката на гориво, ставаат во опасност безброј животи, јавува Анадолу. „Ваквите
Go toTop