Обичаи кои не застаруваат: Како се дочекува Нова година во светот

December 31, 2025
2 mins read

Обичаите потекнуваат од паганската ера на нашата историја, кога човекот целосно и бил потчинет на природата. Сите феномени на земјата беа поврзани со настани во природата.

Иако секој народ го слави овој празник на свој начин, сите имаат едно нешто заедничко, а тоа е дека куќите и улиците се украсени со шарени светилки, украси, новогодишни елки, предмети во форма на ѕвезда, Дедо Мраз, огномет итн. . Децата најмногу ја очекуваат Новата година.

Жителите на островот Карибати први ја дочекуваат Новата година, додека американската држава Самоа е последна. Секоја земја има свои обичаи кои ги негува со години, а ова се некои од нив:

Грција

Во Грција оваа прослава се совпаѓа со празникот Свети Илија, кој се карактеризира со торта во која се втиснува паричка, а кој ќе ја најде ќе биде награден во Новата година. Грците имаат уште еден обичај поврзан со Новата година – тие често покануваат во куќата прв да влезе некој посебен пријател или член на семејството, за кој се верува дека носи среќа и спречува да влезат лоши работи.

Германија

Во Германија новогодишната ноќ е незамислива без огномет. Секоја година трошат 100 милиони евра за огномет. Традицијата да се прави врева на новогодишната ноќ датира од средниот век, кога луѓето штракаат по улиците за да ги избркаат злите духови.

Австралија

За Австралијците за Нова година се подготвува свечен ручек кој вклучува печење како симбол на среќа и благосостојба, а за десерт сладолед од ментол во форма на детелина со четири листа. Ова се главните услови за обезбедување среќа во новата година за таа нација.

Обединето Кралство

Во Британија е многу важно кој прв ќе влезе во куќата за Нова Година – ако се работи за маж со подароци, тоа е знак за среќа во наредната година, додека кога прва влегува жена не е баш добар знак.

Италија

Во Сицилија е вообичаено за Нова година да се јадат лазањи, бидејќи тоа носи среќа.

Куба

Во Куба се верува дека оној што ќе изеде 12 грејпфрути на полноќ – симболично за 12-те месеци од годината – треба да има среќа следната година.

Америка

Во Америка да се даде бакнеж на полноќ, оваа традиција доаѓа од маскенбалите кои биле вообичаени низ историјата. Според традицијата, маските ги симболизирале злите духови од старата година, а бакнежот претставувал очистување во новата година.

Данска

Данците кршат многу чинии пред прагот како симбол на општественото богатство – пријателите.

Норвешка

Норвежаните за Нова година јадат пудинг од ориз, а во него кријат бадем. Пудингот се служи во поголем сад, во кој има само еден бадем. Се сервира во чинии и се верува дека тој што ќе најде бадем во пудингот ќе го следи среќа и богатство.

Холандија

Холанѓаните во Новата година јадат крофни, бидејќи се обликувани како круг, што се смета дека носи среќа.

Јапонија

Јапонците ја започнуваат прославата наутро со чистење на куќата, со што симболично се чисти „прашината од минатото“ и се подготвува домот за успешна година.

Бразил

Бразилците имаат обичај да носат бела облека на новогодишната ноќ за среќа и мир во наредната година. Откако ќе прослават на полноќ со музика, огномет и вечера, одат на плажата каде што ги прескокнуваат „седумте бранови“, фрлаат цвеќе во океанот, додека некои оставаат запалени свеќи во песокот за Новата година да им донесе среќа и богатство.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хронологија на поважни настани во 2025 година

Следно

Хороскоп за новогодишната ноќ: Кога ќе дојде полноќ, среќата ќе биде на страната на овие знаци

Latest from Blog

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу

Тоневски: Пробиштип усвои Акциски план за млади со конкретни активности за 2027/2028 година

Пробиштип беше домаќин на Национален младински дијалог, на кој учествуваа млади од Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Зрновци и Кавадарци, како и младински работници. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони

Проданоски: Искуствата од другите земји можат да ни помогнат да ги подобриме социјалните услуги

Како да се подобрат здравствените и социјалните услуги на локално ниво е главната тема на меѓународната конференција „Health and Social Services – Challenges and Opportunities“, која се одржува во Прилеп. Настанот го

Коњановски: Ги усогласуваме активностите на службите пред зимската сезона

Општина Битола одржа работен состанок со претставниците на зимската служба за да ги усогласи активностите на надлежните претпријатија и институции пред почетокот на сезоната 2026/2027. На состанокот присуствуваа градоначалникот Тони Коњановски и
Go toTop