О2 иницијатива: Очекувавме почитување на правните принципи, добивме разочарување од претседателката Сиљановска-Давкова

August 17, 2024
1 min read

Наместо доследност во застапување на правните принципи и закон кој ќе биде донесен по широка јавна расправа, добивме разочарување. Граѓанските здруженија и невладини организации незадоволни од одлуката на претседателката Гордана Силјановска Давкова да го потпише указот за измените на законот за урбанистичко планирање. Предупредуваат дека состојбата на терен веќе е катастрофална а ветувањата за изградба на градинки, училишта и болници се само мал дел од измените кои ќе следуваат…

„Ние не бараме таа да цени дали пратениците ќе гласаат за или против, туку нејзино лично толкување дали е во редедни вакви битни измени во законот да се носат на овој начин. Тоа е нејзина одлука а не поддршка на тоа дека пратениците поддржуваат едни такви катастрофални измени во законот“ вели Татјана Стојановска.

Како што вели Стојановска, во земјава веќе има пример кога по забелешка на претседателот, законското решение е променето. За несериозна ја сметаат и најавата дека измените се привремени.

„Во минатото претседателот Пендаровски исто така имаше една таква ситуација во која што пратениците со дури 72 гласа за,  исто така одлучија да изгласаат закон за легализација на дивоградби но тогаш претседателот Пендаровски одлучи дека нема да го потпише законот. Истиот го врати во собрание и потоа законот беше повлечен од самата влада. Ние збориме за измени на закон што ќе биде на сила. Кога тој е на сила, тоа не е привремено, тоа е додека се донесе нов закон“, додава Стојановска.

Апелите и барањата на здруженијата и невладините организации не ја предомислија претседателката силјановскја давкова која најави дека ќе стави потпис на указот за измените на законот за урбанистичко планирање ..И покрај тоа што законот ќе стапи на сила, побара од министерот за транспорт веднаш да почне со работа на подготовка на нов закон, овој пат со учество на невладиниот сектор и на опозицијата …

„Ќе го потпишам законот, мислам дека денеска или утре тоа треба да се направи..Тоа е првото, второто, еве го помикувам министерот да почне работата на новиот закон да го решиме проблемот системски бидејќи законот не е добар, сите знаеме. Соочени сме со хаос во урбанизмот, сите го гледаме тоа и мораме да ставиме крај“, рече претседатеката Гордана Силјановска Давкова.

На 13 август по скратена постапка, Собранието ги изгласа измените на Законот за урбанистичко планирање предложени од Министерството за транспорт и врски. Во одбрана на законот, министерот Николовски порача дека со измените ќе бидат одглавени 600 детални урбанистички планови, а ќе бидат олеснети и процедурите за градба на објекти од јавен интерес, како училишта, градинки, болници, амбуланти и катни гаражи, додавајќи дека ова ќе важи само за објекти во целосна сопственост на државата или општината.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во израелските напади во Газа убиени уште 69 Палестинци, од октомври речиси 40.100

Следно

Хезболах се одмаздува за нападот на Либан: Истрелавме проектили кон Израел

Latest from Blog

Коњановски: Три нови спомен-соби за музиката, историјата и културното наследство на Битола

Музичка соба, Градска соба и Соба посветена на историјата на Офицерскиот дом се трите нови тематски простори што Битола ги отвори во чест на професорот Александар Стерјовски. Отворањето е дел од четвртоноемвриската

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и

ЖРСМ Транспорт: Препораките на ревизорите ги претвораме во конкретни мерки

ЖРСМ Транспорт АД – Скопје со целосна институционална одговорност постапува по препораките содржани во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија. Препораките ги прифаќаме како важна основа за унапредување на законитоста, транспарентноста,

Општина Битола: Промовиран филм за музичкото наследство на Ајри Демировски

Документарниот филм „Битола, мој роден крај“, посветен на животот, творештвото и споменот на Ајри Демировски, синоќа беше промовиран во рамките на програмата „Сите бои на сеќавањето“, со која се одбележува Денот на
Go toTop