Њујорк во знак на апокалиптични поплави

July 15, 2025
1 min read

Големи поплави во Њујорк, вонредна состојба прогласена во Њу Џерси. Силни бури предизвикаа ненадејни поплави низ најголемиот американски град и во делови од североистокот на сад додека пак обилните врнежи од дожд и ризикот од поплави ги принудија градските власти во Њу Џерси да прогласат вонредна состојба.

Предупредување за поплави имаше и во сите пет општини на Њујорк, а од жителите беше побарано да избегнуваат подруми и ниски подрачја. На социјалните мрежи се појавија бројни видеа на кои се гледаат поплавени станици на метрото во Њујорк и автомобили заглавени во вода…Гувернерот на Њу Џерси, апелираше жителите да останат во затворен простор и да избегнуваат патувања.

Фил Марфи –  Гувернер на Њу Џерси

„Поради обилни врнежи од дожд и ризик од поплави, советуваме максимална претпазливост.“

Бурата предизвика прекини во воздушниот сообраќај на најмалку шест аеродроми на Источниот брег. Аеродромите во Њујорк и Њу Џерси, добија наредба привремено да ги приземјат летовите. Слично е и со аеродромите во Филаделфија, Балтимор и Вашингтон. Според проценките на Националната метеоролошка служба, во некои делови од Њујорк за краток временски период наврнаа помеѓу 50 и 75 милиметри дожд на метар квадратен.

Џесика Гаиди

„Бев во автомобилот кога се случи поплавата. Одеднаш половина кола беше во вода. За среќа имаше луѓе во близина и ми помогнаа да се спасам.“

„Нивото на водата порасна за многу брзо време. За 10- 15 минути, веќе беше како река.“

Метеоролошките служби предупредуваат дека нов бран врнежи од дожд уште денеска може да го погоди регионот, заедно со екстремно високи температури и висока влажност.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Народните пари на големо се трошат за политички кампањи

Следно

Штип, Тетово и Кичево добиваат модерни болници

Latest from Blog

Николоски: Прво туристичко вештачко езеро за Штип и источниот регион

Штип и источниот дел на Македонија ќе добијат прво туристичко вештачко езеро, кое се очекува да биде завршено до 2027 година, пред предвидениот рок, истакна Александар Николоски. Изградбата на браната на реката

Битола веќе на терен – инфраструктурни проекти пред официјалната градежна сезона

Општина Битола објави промотивно видео со кое ја најавува засилената градежна активност, уште пред официјалниот старт на пролетната сезона. Од општината посочуваат дека иако градежната сезона традиционално се поврзува со потоплите пролетни

Коњановски со честитка за Кркрдаш: Да ги негуваме обичаите и заедништвото

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, упати честитка по повод празникот Св. 40 Маченици – Кркрдаш, истакнувајќи дека овој ден претставува важен дел од културното и духовното наследство на градот. „Кркрдаш е
Go toTop