Народните пари на големо се трошат за политички кампањи

July 15, 2025
1 min read

Државниот буџет најмногу финансирал изборни кампањи на Парламентарните и Претседателските избори кои се оддржаа минатата година.

Од Буџетот се искеширале 5 760 270 евра за Претседателската трка додека за парламентарните избори 4 010 684 евра од Буџетот биле исплатени за политичките кампањи, објави главниот ревизор. Средствата се исплаќани преку ДИК на медиумите кои емитуваат платено политичко рекламирање.

Најмногу средства од буџетот за својата претседателска кампања добила  сегашната претседателка Гордана Силјановска Давкова, а веднаш зад неа е Стево Пендаровски. Ситуацијата е слична и со Парламентарните избори –  Коалицијата „Твоја Македонија„ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, добила над 67 милиони денари додека „Европска иднина„ на СДСМ над 62 милиони денари. 

ДЗР 

– 45% може да искористат двете најголеми ПП од позицијата кои на последните избори за пратеници во Собранието освоиле најмногу гласови. 45% може да искористат двете најголеми ПП од опозицијата кои на последните избори за пратеници во Собранието освоиле најмногу гласови. 7% може да искористат ПП кои на последните избори за пратеници не освоиле доволно пратеници да формираат пратеничка група. 3% од средствата може да искористат ПП кои не се застапени во Собранието. 

Овој начин на финансирање дава значителна предност на најголемите партии и ги ограничува можностите на останатите партии и независните кандидати да ги претстават своите програми, заклучува државниот ревизор.  Минатата 2024 година е рекордна по исплатени средства од буџетот за ППР, споредено со последните пет години во кои имало избори  се анализира во ревизорскиот извештај.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турција: 39 сини знамиња се веат на плажите во Кушадаси и Дидим

Следно

Њујорк во знак на апокалиптични поплави

Latest from Blog

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop