Њујорк тајмс: Израел се подготвува да го нападне Иран

June 12, 2025
1 min read

Израел, според информации од американски и европски претставници, очигледно се подготвува да  почне напад врз Иран, објави денеска „Њујорк тајмс“, потег што би можел дополнително да го дестабилизира Блискиот Исток и да ги загрози напорите на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да преговара за договор за спречување на Иран да развива нуклеарно оружје.

Загриженоста за можна израелска воена акција, како и можниот ирански одговор, го натера Вашингтон да повлече дипломати од Ирак во среда и да одобри доброволно повлекување на семејствата на американските војници од земјите на Блискиот Исток.

Не е јасно колкав би можел да биде израелскиот напад, но тензиите се зголемуваат со месеци, а израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го повика Трамп да го искористи она што Тел Авив го смета за момент на ранливост на Иран за напад.

Трамп претходно го отфрли израелскиот план за напад, инсистирајќи дека сака да преговара за договор со Техеран што би ја ограничил способноста на Иран да произведува нуклеарно гориво. Пред две недели, тој рече дека го предупредил Нетанјаху да не започнува напад додека траат преговорите меѓу САД и Иран.
Не е познато колку Трамп се обидел да го одврати Нетанјаху од напад овојпат, но во последните денови тој станал помалку оптимист во врска со можноста за постигнување договор, особено откако врховниот лидер на Иран го отфрли предлогот со кој постепено ќе се укине правото на Иран да збогатува ураниум. 

Информацијата за американското повлекување на персоналот од регионот, како и британското предупредување до превозниците за зголемените закани за поморската безбедност, дојдоа само неколку часа откако Трамп за „Њујорк пост“ изјави дека станува „помалку убеден“ во успехот на преговорите со Иран.
Американските и иранските преговарачи треба повторно да се сретнат в недела, иако Трамп во понеделникот изјави дека ставот на Иран во разговорите е „неприфатлив“. Според американските претставници, претставникот на Трамп, Стив Виткоф, се уште планира да присуствува на таа рунда преговори, која треба да се одржи во Оман.

Британско предупредување дојде за поморскиот сообраќај, поради „зголемените тензии во регионот што би можеле да доведат до ескалација на воената активност со директно влијание врз морнарите“. Тие ги предупредија комерцијалните бродови што минуваат низ Персискиот Залив, Оманскиот Залив и Ормутскиот Теснец да преземат дополнителни мерки на претпазливост.

Според висок ирански функционер, иранската војска и влада веќе одржаа кризни состаноци за тоа како да одговорат на евентуален израелски напад.
Техеран наводно има подготвен план што вклучува итен контранапад со стотици балистички ракети кон израелска територија. Во октомври 2024 година, Иран веќе започна голем ракетен напад врз Израел во контекст на војната во Газа, но штетата тогаш беше ограничена, делумно поради помошта на САД во пресретнувањето на ракетите.

Трамп повторно разговараше со Нетанјаху во понеделникот, но Белата куќа не објави детали од тој разговор. Трамп се сретна со членовите на неговиот совет за национална безбедност во Кемп Дејвид претходната вечер.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тркалезна маса „Собранието и борбата против корупцијата: Една година подоцна“

Следно

Нов 24-часовен штрајк на новинарите во Грција

Latest from Blog

„НОВИОТ ТИМ“ на Филипче: Синот на Фрчко кој призна шмркање КОКАИН на Бихаќка се враќа во СДСМ

Александар, другарчето на Заев од јахтата на која аздисуваа со Филипче и ултра лузер на изборите за Аеродром станува потпретседател, исто и нејбезличната министерка за труд и социјала, Тренчевска. Верувале или не,

Австрија нема да забрани палестински знамиња, ниту ќе го пригуши свиркањето за време на израелсјкиот настап на Евросонг 2026.

Австрискиот јавен радиодифузен сервис ORF, домаќин на Евровизискиот натпревар за песна во 2026 година, нема да забрани палестински знамиња од публиката ниту да ги пригуши свиркањата на настапот на Израел како што

Откриени се илјадници траги на диносауруси, стари 210 милиони години- научниците зачудени

Дал Сасо рече дека трагите од диносаурусите формираат траги долги стотици метри и се толку добро сочувани што некои дури имаат отпечатоци од прсти и траги од канџи, објави Би-Би-Си. „Тоа е
Go toTop