Ново невреме му се заканува на регионот

July 20, 2023
1 min read

Во Хрватска за вечерва има жолт аларм на предупредување, додека за наредните два дена е портокалов, а слични се прогнозите и во Србија каде што се очекува невреме ноќите помеѓу петокот и саботата и помеѓу саботата и неделата

Во Македонија, пак, барем засега нема најави за невреме. На сајтот на УХМР во делот за најави и метео-предупредување пишува дека до следната среда ќе се задржи сончево и многу топло, односно ќе биде портокалово ниво на опасност од високи температури

По смртоносното невреме кое вчера ги зафати земјите во регионот, се најавува ново за вечерва и во текот на следните денови.

Во Хрватска, каде невремето однесе четири жртви и десетици беа ранети, има жолт аларм за предупредување за вечерва, а црвен за петок и сабота.

Според Државниот хидрометеоролошки завод, атмосферата е нестабилна, па можно е во текот на вечерва да има локални врнежи проследени со грмотевици. За петок, посебно ноќта кон саботата постои можност за посилно невреме со грмотевици, кое се заканува не само на внатрешниот туку на и на северниот и средниот дел кај Јадранското море. На некои места, хидрометеоролозите најавуваат и силен ветар.

За сабота Хрватите очекуваат променливото и нестабилно време да продолжи.

Слични се прогнозите и за Србија. Метеорологот Недељко Тодоровиќ за јавниот сервис РТС изјави дека во ноќите помеѓу петокот и саботата и саботата и неделата повторно може да се очекува силно невреме. Тој порача дека кога ќе се издаде предупредување за такво невреме, граѓаните треба да го сфатат сериозно и да бидат свесни за потенцијалните опасности.

Во Македонија, пак, барем засега нема најави за невреме. На сајтот на УХМР во делот за најави и метео-предупредување пишува дека до следната среда ќе се задржи сончево и многу топло време со високи утрински и дневни температури, поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.

Инаку, во вчерашното невреме во Хрватска имаше четворица загинати, додека по една жртва беше регистрирана во Словенија и Босна и Херцеговина.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Се реконструира улица 40, крак на Македонско Косовска Бригада 20.7.2023

Следно

Белата куќа потврди дека Украина „ефикасно ја користи касетната муниција“

Latest from Blog

Лука Модриќ е играч на месецот во Серија А

Формата е минлива, класата е вечна. Така некако оди фразата која што ги опишува сериозно добрите спортисти што постигнале огромни успеси во кариерите, а потоа и во зрели години и натаму импресионираат

Трипуновски: Нема никаква опасност по ИПАРД средствата, случајот со директорот на АПЗРР да се истражи докрај

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски апелира случајот со директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој да се истражи докрај. Овој случај, според Трипуновски, е показател дека

Коњановски на премиера на филм посветен на херојот Стив Наумов

Во рамките на одбележувањето на Денот на ослободувањето на Битола, вечерва во Кино Манаки премиерно беше прикажан долгометражниот документарен филм „Мојот вујко Стив Наумов“. На проекцијата присуствуваше градоначалникот на Битола, Тони Коњановски,

Тоневски: Честит и благословен Митровден на сите православни верници

Градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски, денес присуствуваше на одбележувањето на празникот посветен на светиот великомаченик Димитриј Мироточив – Митровден во селото Турско Рудари. Во заедништво со жителите и верниците, беше одбележан
Go toTop