Ново издание на 360°: Како се станува судија или обвинител во Македонија – по заслуги или со врски?

March 4, 2023
1 min read

Погледнете го новото издание на емисијата „360 степени“, емитувано на 3 март 2023 г. на ТВ Алсат, во кое гостуваше директорската на Академијата за судии и јавни обвинители, Наташа Габер-Дамјановска

Советот на јавни обвинители донесе одлука да распише оглас за прием на 31 јавен обвинител, а меѓу 28-темина кандидати што може да конкурираат, најзвучното име за кое се крена врева во јавноста по објавувањето на листата на оние што ја завршиле обуката на Академијата за судии и јавни обвинители, е Барлет Џафери, син на претседателот на Собранието, Талат Џафери. На списокот се и синови, ќерќи и сопружници на поранешни и активни судии, обвинители, адвокати, политичари… Дали во држава во која довербата во судството и во обвинителството е многу ниска, пред се, поради перцепцијата за надворешни влијанија, кога ќе слушнете дека синот на претседателот на парламентот ќе биде јавен обвинител, тоа придонесува за зголемување на довербата или не – е едно од прашањата до директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Наташа Габер-Дамјановска. Регрутирањето на идните судии и обвинители, квалитетот на обуката што ја добиваат и колку таа ги подготвува за сериозните задачи со кои се соочуваат при идната работа, се тема на која разговараме со директорката на Академијата.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Приведени двајца разбојници од Скопје – претепале малолетници и одзеле мобилен телефон

Следно

Полицијата спречи кокаин вреден 677 милиони долари да влезе во Австралија

Latest from Blog

Фото на денот на СП: Еве што правеа Јапонците по мечот во Далас!

ФОТО:facebook.com/www.SportsJOE.co.uk Ништо ново, само повторување зошто Јапонците како народ и Јапонија како држава и нација се нешто посебно. По последниот свиреж во Далас,на мечот со Холандија, јапонските навивачи не брзаа кон излезите.

ВЛЕН: Го избравме обединувањето наместо поделбите

Од коалицијата ВЛЕН порачаа дека нивното формирање не било резултат на потребата за уште еден политички субјект на албанската политичка сцена, туку од стремежот за обединување на политичката енергија и волјата на
Go toTop