Ново издание на 360°: Интервју со обвинителот Бубевски за убиството во „Шиша бар“, случаите со „Бехтел и Енка“, „Доказ“, „Делчевските ниви”

March 11, 2023
1 min read

Погледнете го новото издание на емисијата „360 степени“, емитувано на 10 март 2023 г. на ТВ Алсат, во кое гостуваше шефот на Основното јавно обвинителство Скопје, Гаврил Бубевски

Со Гаврил Бубевски, шеф на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје – најголемото во земјава и според бројот на обвинители и според обемот на работа, разговораме за неколку случаи што ги истражува или застапува на суд ова обвинителство. Прва тема што ја отвораме е двојното убиство во „Шиша бар“ во Старата скопска чаршија – како се случило и се знаат ли мотивите. Разговараме и за случаите со сопственикот на „Доказ“, Марјан Стаменковски – дали ОЈО Скопје ќе стигне до нарачателите и поттикнувачите на објавите. Каде запна истрагата за случајот со купопродажбата на земјиште за потребите на ЕВН Електрани во Делчевско, исто така, е тема. Со Гаврил Бубевски разговараме и за ниското ниво на доверба во правосудството и за најавите за ветинг.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поминаа 3 години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, коронавирусот се уште меѓу луѓето, но со намален интензитет

Следно

Ретро видео од Скопје во 1994 година – Град со посеба есенција

Latest from Blog

Општина Битола: „Чкембари“ слават 41 година – подготвен спектакл за „осмиот играч“

Општина Битола и РК „Еурофарм Пелистер“ подготвуваат посебна фан-зона „Осмиот играч“ по повод 41 година од постоењето на навивачката група „Чкембари“. Фан-зоната ќе биде отворена во среда од 18:00 часот на платото

Најмалку десет непалски водичи исчезнаа во лавина на Хималаите

Алпинистите го подготвуваа теренот за претстојната експедиција, јавува Би-Би-Си. Според информациите од организаторите на искачувањето, станува збор за локални водичи кои биле на почетната точка во близина на врвот Химлунг Химал, во

Манчини пресече: Десетмина фудбалери не патуваат со Италија во Турција

Роберто Манчини реши веднаш да реагира по разочарувачкиот старт на Италија во новото издание на Лигата на нации. Италијанскиот селектор направи голем „рез“ во составот и дури десет фудбалери нема да патуваат

Кина одржува поморски и воздушни воени вежби околу спорниот гребен во Јужното кинеско море

Вежбата се одржа во водите и воздушниот простор околу гребенот Скарборо, кој Кина го нарекува Хуангјан Дао. Тој е побаруван и од Филипините, каде што е познат како Бахо де Масинлок. Кинеската
Go toTop