Ново детско игралиште и низа инвестиции и проекти во Лисиче

April 9, 2023
1 min read

Оваа пролет носи инвестиции во Аеродром кои значат нови содржини на повеќе локации и за сите генерации. Во Лисиче во тек е реализацијата на неколку важни проекти, а нови паркови, детски игралишта и мини плоштади на неколку локации се дел од пролетниот инвестициски циклус кој се спроведува насекаде во општината.

Проектите наменети за дечињата ги продолжуваме со изградба на ново детско игралиште лоцирано во детската градинка „Буба Мара“, клонот „Лавче“ во Лисиче. Дечињата кои се дел од оваа детска градинка веќе имаат можност своето слободно време да го поминуваат на ново и модерно детско катче, целосно финансирано со средства од буџетот на општината Аеродром.

Наскоро започнува доградбата на основното училиште „Гоце Делчев“ во ова населено место, а инвестициите продолжуваат и со проекти за подигнување на безбедноста на сообраќајот. Во изминатиот период беа асфалтирани и реконструирани неколку сообраќајници, а следниот период на улиците во Лисиче ќе бидат поставени заштитни столпчиња и лежечки полицајци.

Нашата визија е Аеродром да биде убава и безбедна општина. Со континуирани инвестиции во секое населено место оваа визија станува реалност. Проектите носат нова хумана урбанизација за општината, а граѓаните со задоволство и радост ги прифаќаат тие проекти.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Кенија: Камион прегази пешаци, загинаа 10 лица

Следно

Папата ја осуди војната во Украина и побара прекин на немирите на Блискиот Исток

Latest from Blog

Од 1 Јануари идната година минималецот во Србија ќе биде 551 евро, зголемување за 36 отсто во однос на 2024 година

Минималната цена на трудот, која ќе биде зголемена за 10,1 процент за 2026 година, се утврдува по работен час без даноци и придонеси, за календарската година, најдоцна до 15 септември во тековната

Тудор: Дербито со Интер е повеќе од само три бода, мислам дека можеме до Скудето

Тренерот на Јувентус, Игор Тудор, пред саботното дерби со Интер одговараше на новинарски прашања за очекувањата од дербито. „Овој натпревар вреди повеќе од три бода; полесно ми е да се подготвам за
Go toTop