Новите симптоми на новиот ковид

October 27, 2023
1 min read

На терен се варијантите Пирола (BA.2.86) и Ерис (EG.5.1) кои се шират доста брзо, особено Пирола која се чини полесно пренослива од сите други досегашни мутации на коронавирусот. Тоа не е единствената специфика која ја разликува BA.2.86 од другите – таа носи и некои невообичаени симптоми.

Покрај типичните симптоми на болки во екстремитетите, болки во грлото, треска и кивање, главоболката од Пирола може да биде особено  интензивна и да помогне да се разликува од грип и слично.

Она што досега е документирано како екстра симптоми се црвени и болни прсти (на раце и нозе), дијареа, чешање и црвени очи, промени во устата или на јазикот (т.н. ковид јазик), осип на кожата и засипнатост.

За разлика од грипот, ковидот не се однесува сезонски и затоа е важно  да се обрне внимание на симптомите.

Во меѓувреме, студија од Калифорнија покаже дека вакцинирани деца и млади (од 7 до 18) се заразни исто онолку време како и нивните невакцинирани врсници. Имале бустер или не, тие го шират вирусот временски исто како и другите откако ќе бидат тестирани позитивно; во просек три дена.

Студијата додава дополнителен сомнеж за целисходноста на бустерите. До почетокот на оваа година, во неколку американски држави, вклучително и Калифорнија и Илиноис, вакцините беа задолжителни за учениците иако од Универзитетот Стенфорд им порачаа дека враќањето во училиште не треба да се дискриминира според вакциналниот статус.

**************

Види и:

Фајзер повеќе од дупло го поскапува лекот за ковид

Како сме денес, заморчиња?

 

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Армијата ќе добие хеликоптери и дронови“ – Петровска: Имам проекти за уште еден мандат министерка

Следно

Израелските напади ја зголемуваат ранливоста на Газа од климатските промени

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop