Новиот прототип на турскиот беспилотен борбен авион Бајрактар КИЗИЛЕЛМА успешно го заврши првиот пробен лет

September 26, 2024
2 mins read

ИСТАНБУЛ (АА) – Новиот производствен прототип на првиот турски борбен дрон Бајрактар КИЗИЛЕЛМА успешно го заврши својот прв пробен лет, јавува Анадолу.

Турскиот гигант од наменската индустрија, компанијата Бајкар, соопшти дека е постигнат нов голем исчекор во процесот на развој на леталото Бајрактар КИЗИЛЕЛМА.

Третиот прототип на Бајрактар КИЗИЛЕЛМА со број на опашка TC-OZB3 успешно го заврши својот прв тест на летање.

Во јули, производствениот прототип Бајрактар КИЗИЛЕЛМА РТ-3 беше испорачан во Центарот за обука и тестирање АКИНЏИ во округот Чорлу, во Текирдаг.

Таму, прототипот прво го помина тестот за стартување на моторот со безбедносни ограничувања. Следуваа дополнителни тестирања пред првиот лет.

Овој подвиг на првиот пробен лет беше извршен вчера во комплексот во Чорлу, со присуство на првиот човек на компанијата Бајкар, Селчук Бајрактар.

Активностите за идентификација на системот исто така беа успешно извршени за време на тестот.

„Третиот прототип Бајрактар КИЗИЛЕЛМА денес успешно го заврши својот прв лет. Тоа беше краток пробен лет. Нашето тестирање ќе продолжи. Нека биде во корист и добробит на нашата татковина и народ“, порача Бајрактар.

– Помоќен, поагилен –

Според информациите наведени во соопштението, развојните активности на првиот турски борбен авион без екипаж Бајрактар ​​КИЗИЛЕЛМА продолжуваат според планираното.

Благодарение на искуствата стекнати од првите прототипови, беа направени значителни промени во производствениот прототип. Покрај структурните подобрувања, направени се и корекции на архитектурата на авиониката.

Летот е изведен со алтернативен мотор со дополнително согорување, чија интеграција беше успешно завршена. Бајрактар Кизилелма, кој ќе се приближи до брзината на звукот со својот моќен нов мотор, ќе може многу подобро да маневрира при големи брзини благодарение на аеродинамичните подобрувања. Ќе може да ги извршува најпредизвикувачките мисии благодарение на интегрираниот радар АЕСА (AESA).

– Во рекордно време до првиот лет –

Проектот Бајрактар КИЗИЛЕЛМА започна во 2021 година, а Бајрактар КИЗИЛЕЛМА со број на опаш TC-OZB излезе од производствената лента на 14 ноември 2022 година, по што беше префрлен во центарот за обука и тестирање АКИНЏИ.

По успешно завршените тестови на земја, го направи својот прв лет на 14 декември 2022 година. Бајрактар ​​КИЗИЛЕЛМА полета за само една година.

– Нов пат во историјата на воздухопловството –

Бајрактар ​​КИЗИЛЕЛМА направи епохални летови за време на ТЕХНОФЕСТ 2023 година.

Бајрактар ​​КИЗИЛЕЛМА потоа изврши формациски летови со беспилотното летало Бајрактар АКИНЏИ ТИХА, а потоа изведе формациски лет со концептот флота на небото над Истанбул, во кој беа вклучени и борбениот авион Ф-16 СОЛОТУРК и млазниот авион Ф-5.

Овие концепти на летање се сметаат за пресвртница во историјата на светската авијација и се очекува да дадат насоки на воздушните акции во иднина.

– Способност за слетување и полетување на бродови со кратки писти –

Бајрактар ​​КИЗИЛЕЛМА ќе биде револуционерна платформа, особено со своите способности да слетува и полетува на бродови со кратки писти, како што е бродот ТЏГ Анадолу, уште еден турски мегапроект кој е во понапредна фаза на тестирање.

Со оваа способност ќе игра стратешка улога во заштитата на турските мориња.

– Шампион во извозот –

Компанијата Бајкар, која од почетокот ги реализираше сите свои проекти со сопствени средства, од почетокот на процесот на истражување и развој на беспилотни летала во 2003 година 83 отсто од приходите ги има остварено од извоз.

Остварувајќи извоз од 1,8 милијарди долари во 2023 година, Бајкар беше меѓу првите десет компании со најголем извоз во сите сектори во Туркије.

Така, Бајкар стана извозен лидер во одбранбената и воздухопловната индустрија во 2021, 2022 и 2023 година, според податоците на Дирекцијата за одбранбена индустрија на Туркије и Собранието на турски извозници (TIM).

Во моментов, 97,5 отсто од потпишаните договори на Бајкар се од извоз. Договорите за извоз сочинуваат 97,5 отсто од сите договорени зделки на Бајкар, а беа потпишани со 33 земји кои сакаат да купат беспилотни летала Бајрактар ТБ2 СИХА, како и со десет земји заинтересирани за беспилотните летала Бајрактар АКИНЏИ ТИХА. Вкупно 34 земји потпишаа договори за увоз на двата модели на беспилотни летала на Бајкар.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Дерик Роуз објави крај на кариерата

Следно

Стојковски: Француски предлог е преточен во Преговарачката рамка, поддршка треба да се бара од сите ЕУ членки

Latest from Blog

Алијансата на Албанците излегува од Владата – Таравари најави премин во опозиција

По состанокот на Алијансата на Албанците, претседателот Арбен Таравари вечерва на прес-конференција изјави дека ја напуштаат владината коалиција и преминуваат во опозиција. – Денеска Алијансата на Албанците едногласно одлучи да премине во

Брутално убиство во Србија: Во автомобил ја избодел поранешната сопруга

Тело на жена е пронајдено утринава во автомобил во приградска населба во Крагуевац, објавија српските медиуми. Според неофицијални информации, за убиство е осомничен Б.Р., поранешен сопруг на убиената 41-годишна жена. Жената наводно

Салија во 24 анализа: Бараме ние како средно медицински персонал да бидеме препознаени и да имаме наш закон и наша комора

Џеват Салија, медицински техничар од болницата во Гостивар во 24 анализа рече дека, ситуацијата со медицинските сестри е специфична. Според него, најголем проблем е тоа што не се пепознаени и не се

Алијанса за Албанците ја напушта Владата, Таравари: Одлучивме да се вратиме кај народот!

По околу два часа состанок, Алијансата за Албанците донесе одлука да ја напушти владата и да премине во опозиција.  Како што информираше Арбен Таравари, до оваа одлука дошле поради незадоволства, при што ги спомена балансерот и законот за јазиците.  Таравари меѓу другото рече дека ќе му се вратат на граѓанинот и дека Алијанса за Албанците е уникатна партија. ИЗВОР: ТВ 21
Go toTop