Новинарот на Би-Би-Си кој исчезна на грчки остров пронајден мртов

June 9, 2024
1 min read

Британскиот новинар и презентер на Би-би-си, познат по емисијата „Верувај, ми, јас сум доктор“ (Trust Me I’m a Doctor) Мајк Мосли, кој во средата исчезна на малиот грчки остров Сими, претпладнево беше пронајден мртов, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, телото на 68-годишниот Мосли било пронајдено во карпест дел во близина на плажа, а откриено со помош на видеоматеријали снимени од новинарските екипи.

Градоначалникот на Сими Лефтерис Папакалодукас, кој учествуваше во потрагата по новинарот, за телевизијата „Опен“ рече дека најверојатно паднал и починал.

-Бев во чамецот со кој отидовме да ја најдеме пештерата за која рекоа дека можно е да отишол. Камерите снимаа и камерата на ЕРТ сними предмет, покрај оградата, на десет метри од плажата. Човекот е мртов. Како е можно? Стигнал до неговата дестинација и на десет метри од плажата на која има 200 луѓе никој не го видел. Паднал и загинал, рече градоначалникот на Сими.

Мосли на островот бил на одмор заедно со неговата сопруга и пријатели, во средата попладне му се изгуби трагата, по што и започна потрагата која со несмален интензитет траеше до претпладнево.

Во средата заминале на плажа, по што новинарот одлучил да се врати сам, пеш, во време кога на островот било особено топло со температура од околу 40 степени Целзиусови, а не го носел мобилниот телефон.

Сими е мал остров во јужниот дел на Егејското море, во близина на Родос и има нешто повеќе од 2.500 жители.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Изборите за Европскиот парламент во завршница

Следно

Палестинците копаат бунари при алармантен недостиг на вода поради израелските напади врз Газа

Latest from Blog

Стриминг сервисот FilmBox+ сега е достапен за корисниците на македонскиот пазар, преку партнерството меѓу SPI International и A1 Македонија

FilmBox+, стриминг сервисот на SPI International, сега е достапен за корисниците во Македонија во партнерство со A1. Преку оваа соработка, A1 Македонија дополнително ја збогатува својата понуда на содржини и овозможува пристап

Мицкоски: Очекувам обвинителството да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор и бонусите во СЈО

На денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски говореше за очекувањата од работата на новиот Јавен обвинител. -Очекувањата од новиот јавен обвинител се големи, во смисла
Go toTop