Нови услови за учениците во „Мирка Гинова“ благодарение на СТЕНТОН ГРАДБА

September 1, 2025
1 min read

Училишниот дом „Мирко Гинова“ во Битола ја стартува новата училишна година со значајно реновиран објект. Обновена е целата одводна мрежа, извршено е комплетно реновирање на кујната, како и целосна санација на тоалетите во новото крило благодарение и на донацијата од битолската градежната компанија СТЕНТОН ГРАДБА. 

Од „Мирка Гинова“ се видливо задоволни од новите услови за учениците, а кои се во согласност со современите стандарди за безбедност, хигиена и функционалност. Подобрените простории овозможуваат квалитетен престој, но и поголема мотивација за учење и личен развој. На долгата листа на добротвори објавена во пост на фејсбук профилот на „Мирка Гинова“ стои дека „СТЕНТОН ГРАДБА се вистински пример за одговорност кон заедницата“, која докажува дека со срце и посветеност може да се гради светла иднина за младите.

„Искрено и од срце им благодариме затоа што се фирма која вложува во иднината на младите. Нивната финансиска поддршка и посветена помош во обновувањето на одводната мрежа, реновирањето на кујната и комплетно реновирање на тоалетите во новото крило беа клучни за трансформацијата на нашиот ученички дом. Тие не вложија само финансиски средства, туку внесоа и љубов и грижа во секој агол од просторот. Со нивната хуманост ни овозможија создавање простор полн со надеж и топлина, каде секој ученик ќе се чувствува сакан и безбеден“, стои во објавата на „Мирка Гинова“.

СТЕНТОН ГРАДБА, со седиште во Битола,  е водечка градежна компанија во регионот која повеќе од 22 години го обезбедува пазарот со висококвалитетни производи и услуги. Компанијата, која вработува повеќе од 100 лица, е еден од основачите на Градежната комора во Македонија.  

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

УШТЕ ЕДНО ОБВИНЕНИЕ ЗА КУЌАТА НА СТРАВОТ ВО БРЧКО Постојат сомнежи дека децата ги злоупотребувале и ги користеле за порнографија

Следно

Меџити: Чаир започнува со едносменско учење во ОУ „Битолски Конгрес“

Latest from Blog

Радост која што ќе завршеше трагично (ВИДЕО)

Малку треба за голем проблем, а тоа на своја кожа најдобро го почувствува капитенот на Коритиба, Јаси Маранјао, тимот од Бразил во дуелот со Чапекоенсе. Тој постигна гол пред полувремето, и во

СУШАТА ЈА ТРЕСЕ ЕНЕРГЕТСКАТА БЕРЗА – Цената на струјата скокна над 700 евра за мегават-час

Цената на електричната енергија на берзите во Југоисточна Европа скокна над 700 евра за мегават-час, откако сушата го намали производството од хидроелектраните и нуклеарните централи, а екстремните топлотни бранови дополнително ја зголемија

Утре без вода дел од Центар

На 10 август, понеделник, дел од корисниците во Центар ќе останат без водоснабдување поради уличен дефект, информираат од ЈП „Водовод и канализација“. -Поради уличен дефект од ф – 80 мм на ул.

ВЛЕН со порака до ДУИ: Прво расчистете со Груби

Политичката партија ВЛЕН ја обвини Демократската унија за интеграција (ДУИ) дека преку критики за владините документи се обидува да го пренасочи вниманието на јавноста од случајот со поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
Go toTop