Нови сведоштва на обвинетите во случајот за убиството на Вања и Панче

March 24, 2025
1 min read

Боре Видевски, еден од обинетите за грабнувањата и грозоморните убиства на 14 годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74 годишниот Панче Жежовски од Велес, денеска во Кривичниот суд кажа дека снимките кои изминатиов период беа презентирани во судницата од страна на Обвинителството всушност не се од грабнувањето на Панче Жежовски.

Според Видевски, сакале да го одбранат менувањето на името на МПЦ и за таа цел имале задача да соберат најмалку 150 000 декларации од цела држава и да се прават литии низ градовите, а првата литија тебало да биде во Велес. Додека пак за снимките на денот на грабнувањето на Вања Ѓорчевска кажа дека отишол на состанок во просториите на партијата „Десна“. Боре Видевски потенцираше дека за време на критичниот период одел секој ден на работа. 

„Работам само прва смена од 7 до 15 часот. На 21.11.2023г. бев на работа. Вечерта имав слава Св. Архангел Михаил. На 22 бев на работа, како и на 23 и на 24.11.2023г.“  – Боре Видевски обвинет.

На прашање на обвинителките, Видевски одговори, за време на критичниот период на работа кога пристигнувал или заминувал не се евидентирал и не знаел дали некој го видел на работа или не. Беше прашан и зошто не повикал некој за сведок од оние кои му биле на славата, кратко одговори дека биле само домашните и претпоставувал дека обвинителките ќе кажат дека се сведоците се пристрасни. Досега одбраната на Видевски имаше можност, но не повика сведоци, но адвокат Бојан Манев тврди дека постојат докази кои укажуваат дека за време на критичниот период Видевски бил на работа.

„Во Обвинителството беа посочени сведоци коишто работат со боре Видевски во канцеларија. Работа на Обвинителството е секој предметен исказ којшто ќе го даде секој обвинет е да го проверат. Обвинителството тоа го нема направено. На исказ во Обвинителство на ден 21.12.2023г. Се посочени лица коишто работат со Видевски, на ден 22.11.2023г. Којшто тогаш беше утврден, потоа како ден на извршување на убиство на Панче Жежовски. На 27.11.2023г. Е тука во просториите на партијата „Десна“.“ – Бојан Манев адвокат на Боре Видевски.

На прашање на Телевизија 24 до фирмата ЈКП Дервен кадешто бил вработен сега обвинетиот Боре Видевски, на 6.12.2023г. ЈКП Дервен, одговорија дека за време на критичниот период Видевски не бил на работа, односно на 22 и 27 ноември 2023година.

„Ве информираме дека лицето Боре Видевски во месец ноември бил вработен во ЈКП Дервен со договор преку Агенцијата за вработување, кој договор за работа истекол на 30.11.2023година, по што истиот не е продолжен. На посочените денови, 22 и 27.11.2023година, лицето Боре Видевски бил отсутен од работа.“ – ЈКП Дервен.

Обвинетиот Видевски кажа дека на 26.11.2023г. вечерта со обвинетиот Велибор Манев отишол во просториите на партијата „Десна“, таму преноќил, а се разбудил утредента околу 10 часот. Боре Видевски во сведочењето потенцираше дека му била вршела тортура од самото приведување.

Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски беа пријавени за исчезнати на 27 и 24.11.2023г., а на 3 декември 2023 година беа пронајдени нивните безживотни тела во близина на Скопје и Велес. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Ердоган: „Потребата на Европа од Туркије во безбедноста и во многу други подрачја почна отворено да се признава“

Следно

Азилантите кои ќе бидат одбиени од Велика Британија, да бидат испратени на Балканот

Latest from Blog

Генералното собрание на ОН усвои декларација за дводржавно решение за Палестина и Израел

Генералното собрание на Обединетите нации со огромно мнозинство усвои декларација која предвидува „конкретни, временски ограничени и неповратни чекори“ кон дводржавно решение меѓу Израел и Палестина, пред состанокот на светските лидери кон крајот

Мицкоски: Апасиев и Мециновиќ си префрлале пари од партиската сметка на Левица

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на собраниската седница за опозициски прашања покажа документи и списоци за коишто рече дека ги добиле од свиркачи во врска со партискиот објект на Левица и од кои

Ѓорѓиевски на одбележувањето на 30 години македонско-американски односи

Градоначалникот на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, вечерва присуствуваше на свеченото одбележување на 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Настанот се одржа

Нов албум на Ед Ширан: Музиката може да се доживее со сите сетила

 Британскиот пејач Ед Ширан, во соработка со американскиот бренд сладоледи „Ван Лeјвин“ (Van Leeuwen), го претвори својот претстоен албум во уникатен леден десерт. Имено, осмиот студиски албум на Ширан – „Play“ излегува

Тропската бура „Марио“ се формира покрај мексиканскиот пацифички брег, носејќи дожд и поплави

„Марио“ беше опишан како „мала бура“ во утринското предупредување на Националниот центар за урагани, но имаше максимална брзина на ветровите од 64 километри на час. Тропска бура беше прогласена за делови од
Go toTop