Нови протести во Србија

February 3, 2025
1 min read

Продолжуваат протестите и блокадите на повеќе локации во Белград. Студентите не отстапуваат од своите барања. Поддршка денеска добија и од Професорите од белградскиот универзитет порачувајќи дека тоа се и барања на професорите.

Протести, блокади и петнаесет минутен молк има и во сите поголеми градови низ Србија. Полицијата во Нови Сад пак уапси едно лице под сомневање дека пред една од гимназиите во градот, им се заканил на учесниците на протестот и се обидел да ги нападне. 

„Сакаме нашите акции да бидат повидливи. Сакаме поддршката да биде уште поголема и заедно со студентите да работиме на исполнување на сите нивни барања. Во исто време треба да инсистираме на некои пошироки реформи и да го одбраните универзитетот од притисоците.“ – Радина Вучевиќ – професорка.

„Ние сме среќни бидејќи заедно со нашите професори излеговме на улица. Сега заедно ја преставуваме институцијата.“ – Андрија Влаховиќ студент.

Српскиот претседател пак ја покани Ректорската управа на Универзитетот во Белград на средба за да се решение за актуелната ситуација. Според Вучиќ, доколку студентите и професорите сметаат дека дел од барањата не се исполнети, или дека не се исполнети во целост, потребно е да се разговара.

 

„Имајќи го предвид фактот дека ректорската управа на Универзитетот во Белград ги поддржа актуелните студентски протести, сигурен сум дека сте свесни дека моменталната состојба не само што му штети на наставниот процес на високообразовните институции и самите студенти на долг рок, но и развојот на образованието, науката и општеството во целина.“ – Александар Вучиќ претседател на Србија.

На студентите, просветните работници, земјоделците, им се приклучија и адвокатите кои одлучија на еден месец да запрат со работа во знак на поддршка за студентите. Според предлогот на адвокатите, во следните 30 дена тие нема да влегуваат во просториите на судовите, обвинителствата, полицијата и управните органи.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Презентирани дел од доказите против Палчо

Следно

Со грант од МОН ќе се промовира мултикултурализмот во музичките училишта во Струга

Latest from Blog

САД ги повикаа своите државјани да го напуштат Иран

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека американските државјани во Иран се соочуваат со „висок ризик од незаконско притворање, долготраен притвор, измачување и во некои случаи и смртна казна“. Исто така,

Јаневска: Изработивме нова законска регулатива за поквалитетно високо образование и развој на науката

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование и наука подготви нова законска регулатива за високо образование и наука, од

Луксузен хотел во Кран-Монтана затворен поради пропусти во противпожарната заштита

Швајцарските власти донесоа одлука да затворат луксузен хотел со пет ѕвезди во ски-центарот Кран-Монтана, откако биле утврдени сериозни проблеми со противпожарната безбедност. Одлуката следува само неколку недели по трагичниот пожар во бар

„Илинден“-Тирана 17 години глас на Македонците во Република Албанија

На 6 февруари 2009 година беше формирано Македонското друштво “Илинден”-Тирана, а оваа година се навршуваат 17 години од неговото постоење и работа. Македонско друштво “Илинден”-Тирана е регистрирано во Основниот суд во Тирана,
Go toTop