Нова секирација за мРНК вакцините

March 18, 2024
1 min read

По своето откритие за ДНК контаминација во мРНК вакцините за ковид, геномскиот истражувач Кевин Меккернан не толку одамна откри дека ДНК во овие вакцини може потенцијално да се интегрира во човечката ДНК.

„Се очекува ова да бидат „ретки настани“, но може да се случат“, вели Меккернан за Епок Тајмс.

Од претставувањето на мРНК вакцините, дел од јавност беа загрижени дека вакцините може да го модифицираат човечкиот ген со комбинирање на нивните секвенци со човечкиот геном.

Фактчекерите го побиваа ова, наведувајќи дека мРНК не може да се трансформира во ДНК.

Професорката Улрике Камерер од Универзитетската болница во Вирцбург во Германија изложувала клетки на рак на дојка и јајници на Фајзер и Модерна вакцини и открила дека околу половина од клетките  ги апсорбирале вакцините.

Меккернан откри ДНК секвенци од вакцината во два хромозома во клеточните линии на ракот: хромозомот 9 и хромозомот 12.

Важно е да се добијат две читања на ДНК интеграција за да се осигура дека интеграцијата не е резултат на погрешно читање или случајна грешка. Машината за секвенционирање ги открила двата случаи на интеграција двапати.

Ваквите наоди сè уште се прелиминарни а и бидејќи тестот е спроведен во клетки на ракот, а не во здрави човечки клетки, не сугерира дека истата интеграција би се случила кај здравите човечки клетки.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Запленети 22 странски автомобили, биле внесени и возени повеќе од 6 месеци во Македонија

Следно

Ново судење, уште еден проблем за Северина – еве кој ја тужи сега

Latest from Blog

Поранешни противници бараат помош од австралиската влада поради здравјето на Имран Кан: Ќе умре во затвор

Вчера, седум поранешни австралиски капитани во крикет ја повикаа министерката за надворешни работи на земјата, Пени Вонг, да интервенира дипломатски во врска со продолжениот притвор на поранешниот пакистански премиер, изразувајќи загриженост за
Go toTop