НОВА ПЕСНА ОД ТАРА – „ЉУБОВ“: Вулкан од емоции, сведоштво за љубовта и зрелоста на еден автор

October 23, 2025
1 min read

Во време кога искреноста ретко ја
среќаваме во музиката
Александар Тарабунов – Тара ни ја подава својата душа сурова, чиста, автентична. Со новата
песна „Љубов“, овој талентиран
изведувач и автор ја отвора вратата кон своето
најинтимно, најзрело и најкомплетно музичко дело досега.

Создадена во еден здив, во тишината на
едно дождливо попладне, песната „Љубов“ не е само уште една баладa
, таа е емотивна ерупција, вулкан од
страст и жив доказ за уметничката зрелост на Тара.

Песната е напишана, компонирана и
изведена од самиот автор што ја прави уште посилна, уште повистинита
. Слична е
приказната и кога станува збор за видеото зашто истото е работено по идеја на
Тара, а реализирано со помош на Никола Марковски.

Трепериш ко капка утринска… Ѕвезден прав ни спои патишта…
Во сите мои животи знам ќе те пронајдам…“
Секоја
строфа носи по еден универзум на чувства, а секој стих е сведоштво за една
љубов
која не боли, туку спасува.

„Љубов“ го претставува Тара во едно сосема ново
музичко светло
,
искрен, ранлив, но и моќен
во својата тишина. Со оваа песна, тој не само што ја отвора својата душа, туку
ја става љубовта на пиедесталот каде што и припаѓа како суштина, како судбина,
како најголема тајна на животот.

„Сите кои ја слушнаа песната пред
нејзиното официјално објавување беа искрено воодушевени. Секој ја доживеа на
свој начин, но сите се согласија во едно
дека ова е песна што останува. Верувам дека и судот на
публиката ќе биде идентичен.
Љубов нека биде химна за вљубените, песна за опуштена
вечер со чаша вино во рака и доза на романтика.
Затоа што музиката освен што се слуша и се чувствува“, вели Тара.

„Љубов“ не е само песна. Таа е момент.
Вистина. Воздишка. Спомен. Ветување.
..

Со полни гради ја вдишуваме, и не
престануваме да ја слушаме.
Тара
е тука
, поинаков, посилен, поискрен. Ова е неговото време. Ова е „Љубов“.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Човек освоил милиони на лото, па молел да не ѝ кажуваат на жена му

Следно

Се официјализира соработката: ВРЕДИ со поддршка за Мирослав Лабудовиќ

Latest from Blog

Коњановски: Нови спортски терени за учениците во Горно Оризари

Денеска, градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со пратеникот Пеце Милевски и одговорните за проектот, изврши увид во градежните работи на започнатата реконструкција на спортските терени во подрачното училиште „Тодор Ангелевски“

Градоначалникот на Прилеп повика на поширока дебата за бездомните кучиња

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, повика на поширока јавна дебата за справување со проблемот со кучињата скитници, откако на денешната седница на Советот на Општина Прилеп се дискутираше за предлогот за утврдување
Go toTop