Градоначалникот на Прилеп повика на поширока дебата за бездомните кучиња

March 13, 2026
1 min read

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, повика на поширока јавна дебата за справување со проблемот со кучињата скитници, откако на денешната седница на Советот на Општина Прилеп се дискутираше за предлогот за утврдување надоместок на штета од каснување од бездомни кучиња и упатството за начинот и правилата за негово утврдување и исплата.

Проданоски истакна дека предложениот правилник и упатство можеби претставуваат само почетен чекор, но дека од некаде мора да се започне за да се види дали мерките ќе дадат резултати во решавањето на долгогодишниот проблем.

„Општина Прилеп, следејќи ги примерите од други општини, може да преземе одредени чекори за намалување на финансиските трошоци кои се создаваат по основ на надоместок на штета од каснување од кучиња скитници. Но, за жал, проблемот не може системски да се реши само на локално ниво“, нагласи Проданоски.

Тој посочи дека станува збор за наследен проблем кој со години се продлабочува и дека е потребно да се отвори поширока дебата, па дури и да се размислува за евентуални измени на законската регулатива.

Според неговите информации, во Прилеп има приближно околу 1.000 кучиња скитници, а третманот по едно куче, кој вклучува заловување, стерилизација и третман, чини околу 4.000 денари. Општината, како што истакна, нема доволно капацитети во ист период да ги залови и третира сите кучиња.

Градоначалникот упати и апел до граѓаните и сопствениците на миленици да не ги напуштаат животните.

„Апелирам до сите оние кои речиси секојдневно носат кучиња со камиони и ги оставаат во градот – да не го прават тоа. Потребно е сопствениците да се грижат за своите миленици, а не да ги напуштаат кога повеќе не сакаат да се грижат за нив“, порача Проданоски.

Тој го отвори и прашањето за ефективноста на законските решенија, посочувајќи дека според важечките прописи, доколку кучињата се заловат и се сместат во стационар, по 15 дена тие повторно се враќаат на местото каде што биле заловени.

„Што би постигнале во тие 15 дена и дали на тој начин навистина ќе го решиме проблемот?“, праша Проданоски.

Градоначалникот најави отворање јавна дебата со граѓаните за идните чекори. Според него, дел од јавноста смета дека решението е во похуман пристап – стерилизација и вдомување, додека други бараат построги мерки поради безбедноста на граѓаните.

„Прашањето е јасно: дали средствата од Буџетот да ги вложиме во изградба на поголем или уште еден стационар за кучиња скитници и нивна стерилизација, или пак тие средства да се насочат кон подобрување на инфраструктурата во градот“, истакна Проданоски.

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Javën tjetër Kuvendi do të votojë për zgjedhjen e kryeprokurorit të ri

Следно

Коњановски: Нови спортски терени за учениците во Горно Оризари

Latest from Blog

Скандал во Израел: ЕКС ПРЕМИЕРОТ ПОВИКА НА СМЕНА НА НЕТАНЈАХУ СО „СТАПОВИ И КАМЕЊА“

Поранешниот израелски премиер Ехуд Барак изјави дека Нетанјаху може да ги саботира изборите и дека треба да биде „отстранет со стапови и камења“, што предизвика остри политички реакции во Израел. Поранешниот израелски

Украина и Молдавија утре ги почнуваат преговите по кластери со ЕУ, Македонија остана со Босна

Украина и Молдавија ќе направат одлучувачки чекор кон приклучување кон ЕУ во понеделник, кога ќе започнат со првата фаза од преговорите за членство, пишува „Независен“. Почетокот на суштинските преговори во Луксембург ќе

Нов рекорд на светските првенства: Германија за гол подобра од Бразил!

фото: FIFA World Cup Stats (X) Германската фудбалска репрезентација стана рекордер по бројот на постигнати голови на Светското првенство.  Составот на Јулијан Нагелсман вечерва во првиот меч на денот на шампионатот, славеше

Бардела: „НЕ МИ ТРЕБА ПОДДРШКАТА ОД ТРАМП, неговото однесување е нестабилно“

Лидерот на француската крајно десничарска партија Национален собир, Џордан Бардела, изјави дека нема да му биде потребна поддршката од американскиот претседател Доналд Трамп во претседателската кампања. Во интервју за бриселскиот портал Политико,
Go toTop