Нов ноќен воздушен напад врз Украина: Голем број дронови испратени кон Киев

May 19, 2023
1 min read

Украинските власти предупредија дека руски воени авиони се во воздух и дека постои закана од воздушни напади

Сирените за воздушен напад се огласија во текот на ноќта во Украина, а извештаи за експлозии пристигнаа од неколку градови. Воздушната тревога траеше околу еден час.

Украинските власти предупредија дека руски воени авиони се во воздух и дека постои закана од воздушни напади, вклучително и хиперсонични ракети „кинжал“, во сите региони на Украина.

„Голем број беспилотни летала се испратени кон Киев“,

изјави шефот на локалната воена администрација Серхиј Попко, кој подоцна објави дека сите дронови се соборени.

Попко тврди дека Кремљ се обидува да ја истроши воздушната одбрана на Украина со испраќање бранови дронови „шахед“ од иранско производство.

Засега нема извештаи за жртви или значителна штета на инфраструктурата.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

ФА го суспендираше Јирген Клоп

Следно

Левичарот Ципрас или конзервативниот Мицотакис – Грците излегуваат на гласање

Latest from Blog

Јеменските Хути го нападнаа Тел Авив со хиперсонични балистички ракети – Израел го пресретна нападот

Јеменското бунтовничко движење Хути започна напад со хиперсоничен балистички ракети врз неколку цели во Тел Авив. Портпаролот на Хутите, Јахја Сарија, изјави дека операцијата била успешна, при што израелската војска соборила една

Ученици и наставници од скопски училишта го посетија Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова

Во посета на Кабинетот на претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова биле ученици и наставници од скопските основни училишта „Димитар Поп Георгиев – Беровски“ ,  „Киро Глигоров“, „11 Октомври“ и од училиштето „Драга

Орце Ѓорѓиевски официјално кандидат – порака за единство и подобро Скопје

Со голема чест и одговорност, Орце Ѓорѓиевски денес ја поднесе својата кандидатура за градоначалник на Скопје пред Државната изборна комисија (ДИК). Во обраќањето до граѓаните, Ѓорѓиевски истакна дека ова е почеток на
Go toTop