Нов дигитален киоск за наплата на фактури на ЈП „Водовод и канализација“ во Сити мол

May 2, 2023
1 min read

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје постави нов самоуслужен дигитален киоск за наплата на фактури во Сити мол. Киоскот за наплата на фактурите за услугите на претпријатието е поставен на првиот кат, во делот означен за банкомати, информираат денеска од ова претпријатие.

– Корисниците можат да ја искористат опцијата за брзо плаќање без провизија, преку киосците за наплата што се поставени на уште четири локации во град Скопје. Во дирекцијата на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, Одделението за грижа на корисници во ЈП „Комунална Хигиена“ – Скопје, во ГТЦ на приземје и во Капитол мол, се појаснува во соопштението.

Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје нагласуваат дека претпријатието овозможува пристап до сите информации на веб-страницата www.vodovod-skopje.com.mk, но и до електронските сервиси преку e.vodovod-skopje.com.mk, каде на едноставен, лесен и безбеден начин, со следење на приложените упатства, корисниците имаат можност да поднесат барање за добивање на електронска фактура.  

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

САД: Над 20.000 руски војници загинаа во војната во Украина од декември досега

Следно

Саутгејт: Звучи неверојатно, ама Англија никогаш не ја победила Македонија на свој терен

Latest from Blog

Од 1 Јануари идната година минималецот во Србија ќе биде 551 евро, зголемување за 36 отсто во однос на 2024 година

Минималната цена на трудот, која ќе биде зголемена за 10,1 процент за 2026 година, се утврдува по работен час без даноци и придонеси, за календарската година, најдоцна до 15 септември во тековната

Тудор: Дербито со Интер е повеќе од само три бода, мислам дека можеме до Скудето

Тренерот на Јувентус, Игор Тудор, пред саботното дерби со Интер одговараше на новинарски прашања за очекувањата од дербито. „Овој натпревар вреди повеќе од три бода; полесно ми е да се подготвам за
Go toTop