Нов бран руски ракетни напади врз Украина, погодена критична инфраструктура во Лавов

February 16, 2023
1 min read

Руската артилерија, беспилотни летала и проектили со месеци ги гаѓаат областите под украинска контрола на истокот од земјата

Руската војска во текот на ноќта извршила ракетни и напади со беспилотни летала во повеќе региони на Украина, активирајќи ги системите за противвоздушна одбрана на земјата, објавија украинските власти.

Новите напади доаѓаат во време на извештаи за интензивирање на борбите во источниот дел на Украина/Фото: EPA/Архива

Андриј Jермак, шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски на „Телеграм“ изјави дека се погодени места на северот и западот на Украина, без да прецизира за кои станува збор, како и централните региони Днепропетровск и Кировоград.

Според Јермак, украинската противвоздушна одбрана успеала да пресретне и да собори неодреден број проектили и беспилотни летала.

На западот на Украина, шефот на регионалната воена администрација на Лавов, Максим Козицки, соопшти дека во рускиот напад во текот на ноќта била погодена „критична инфраструктурна постројка“, пренесува „Гардијан“.

„За време на воздушната тревога, погоден е критичен инфраструктурен објект во регионот Лавов. Жртви нема. Пожарот е изгаснат. Детали подоцна. Чувајте се. Не игнорирајте ги сирените“,

наведе Козицки.

Новите напади доаѓаат во време на извештаи за интензивирање на борбите во источниот дел на Украина.

Руската артилерија, беспилотни летала и проектили со месеци ги гаѓаат областите под украинска контрола на истокот од земјата.

Генералштабот на украинските вооружени сили извести дека украинските сили ги одбиле руските напади врз 15 населени места на истокот.

Регионите на Донецк и Луганск, кои заедно го сочинуваат индустрискиот регион Донбас што се граничи со Русија, се погодени од руско бомбардирање бидејќи Москва, наводно, преместува нови војници во областа.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Санирана опасна ограда на мост во Ѓорче Петров

Следно

Драма во Мармарис: Полицијата фати инвеститор од Кахраманмараш кој се обидел да бега со чамец

Latest from Blog

Нормализиран е сообраќајот на патиштата и клучките што беа затворени заради пожари

Сообраќајот на експресениот пат Ранковце-Крива Паланка изутрина во 06:00 часот е нормализиран  во двата правца, информира АМСМ.  Сообраќајот на потегот од Клучка Орман до Клучка Мирковци е пуштен за редовен сообраќај, исто

Серхио Љуљ пред нов потпис

Легендарниот шпански кошаркар, Серхио Љуљ (37), засега не планира да се пензионира, бидејќи ќе продолжи да игра за Реал Мадрид и следната сезона. Се очекуваше да ѝ стави крај на кариерата по
Go toTop