Норвешки Нобелов институт: Има 338 номинирани за Нобеловата награда за мир

March 5, 2025
1 min read

Вкупно 338 луѓе се номинирани за Нобеловата награда за мир, соопшти денеска норвешкиот Нобелов институт, без да ги соопшти нивните имиња.

Ова е значително зголемување од 286-те номинирани лани, но сепак не го надминува рекордот поставен во 2016 година, кога беа номинирани 376 лица.

Според статутот на Нобеловите награди за мир, идентитетот на номинираните се чува во тајност 50 години.

Но, и покрај ова, илјадниците предлагачи, без разлика дали се пратеници, или министри, или поранешни лауреати или универзитетски професори, можат слободно да им кажат на медиумите кого предложиле.

На пример, американскиот конгресмен Дарел Иса вчера на „Икс“ објави дека го номинирал Доналд Трамп и својата одлука ја опиша со зборовите: „Никој друг не го заслужува тоа“. Прес-службата на Иса подоцна соопшти дека оваа номинација била мотивирана од напорите на Трамп на Блискиот Исток.

Во јануари, илјадници луѓе потпишаа петиција со која се повикува Французинката Жизел Пелико, исто така, да ја добие Нобеловата награда за мир. Таа стана феминистичка икона откако стана јасно дека нејзиниот сопруг со години организирал да биде силувана од непознати мажи. За случајот минатата година беше одржан судски процес кој заврши со осудителни пресуди. 

Членовите на норвешкиот Парламент соопштија дека ги номинирале поранешниот генерален секретар на ОН, Јенс Столтенберг и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, како и папата Франциск, за нивните напори за поддршка на мирот. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ОЈО: Досега не е примена кривична пријава поднесена од Хајрулахи

Следно

Мицкоски ветува транспарентност за средба со Груевски, но не кажа колку чинел летот на „куп“ функционери за Унгарија

Latest from Blog

Андоновски: Со електронската архива старите практики на чување предмети во фиока заминуваат во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување

Андоновски: Со електронската архива чувањето на предмети во фиока заминува во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување
Go toTop