Нормализиран сообраќајот кај Тркање по тешката несреќа со двајца загинати

March 7, 2025
1 min read

Нормализиран е сообраќајот кај кочанското село Тркање, во близина на бензинска пупма „Лукоил”, соопшти вечерва Автомотосојузот на Македонија.

Сообраќајот беше во прекин по тешката сообраќајна несреќа околу 14 часот  на експресниот пат Кочани – Штип, кај подвозникот кон селото Тркање, во која загинаа две лица.

СВР Штип информираше дека во несреќата учествувале две патнички возила, „фолксваген“ и „пежо“, со кочански регистарски таблички. Од здобиените повреди двајцата возачи починале на местото на несреќата.

Според првичните сознанија од терен, дошло до директен судир на автомобилите, при што кај едното возило избувнал пожар и тоа целосно изгорело.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Државата должи 70 милиони евра на бизнисот, доцни повратот на ДДВ кон компаниите

Следно

Орбан рече дека унгарскиот народ ќе гласа за членството на Украина во ЕУ

Latest from Blog

МБИ10 со благ раст на Македонската берза, прометот над 4,2 милиони денари

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 12.08.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.246,71 поени. Во однос

Меџити: 25 години по Охридскиот договор, еднаквоста мора да се гледа во животот на граѓаните

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска истакна дека 25 години по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, одговорноста е да се зачуваат стекнатите права, да се институционализираат и

МВР: Не е точно дека на 700 Филипинки им е дадено македонско државјанство

Министерството за внатрешни работи ги демантира наводите дека 700 државјанки на Филипините, кои се наоѓаат во Австралија, добиле македонско државјанство и македонски пасоши. „Станува збор за целосно неточни и непроверени информации. Министерството
Go toTop