Нобеловата награда за физика им припадна на тројца квантни научници од САД

October 7, 2025
1 min read

Нобеловата награда за физика оваа година ја добија Џон Кларк, Мишел Х. Деворе и Џон М. Мартинис „за откривање на макроскопско квантно механичко тунелирање и квантизација на енергијата во електрично коло“, соопшти денеска Кралската шведска академија на науките.

Тројцата научници се поврзани со Универзитетот во Калифорнија (UC), а Деворе има и ангажман на Универзитетот Јеил. Деворе и Мартинис работат во кампусот Санта Барбара на Универзитетот во Калифорнија, северозападно од Лос Анџелес, додека Кларк е дел од Универзитетот во Беркли, во близина на Сан Франциско.

„Квантната механика ѝ овозможува на честичка да помине директно низ пречка, преку процес што се нарекува тунелирање,“ се наведува во соопштението на Академијата при објавувањето на наградата во вторникот.

Во соопштението се објаснува дека едно од клучните прашања во физиката е – колку голем може да биде системот кој сè уште покажува квантни механички ефекти.

Оваа година, добитниците спровеле експерименти со електрично коло во кое „ги демонстрирале и квантното механичко тунелирање и квантизираните енергетски нивоа во систем доволно голем за да може да се држи во рака“.

Кога се вклучени голем број честички, ефектите на квантната механика обично стануваат занемарливи. Но, експериментите на овие физичари покажале дека „квантно-механичките својства можат да се направат видливи и на макроскопско ниво“.

– Прекрасно е што славиме како квантната механика, стара веќе еден век, и понатаму нè изненадува со нови откритија. Таа е и исклучително корисна, бидејќи ја претставува основата на целата дигитална технологија, изјави Оле Ериксон, претседател на Нобеловиот комитет за физика. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Албанската полиција уапси три лица поврзани со убиството на судијата Калаја, потфрлило обезбедувањето во судот

Следно

Дино Мерлин се прости од Халид Бешлиќ- цел регион плаче: Му пеев тивко, нашата песна

Latest from Blog

Комерцијална банка и Алкалоид доминираа на берзата, МБИ10 со неделен пад од 0,43%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 12 до 16 јануари 2026 година, на Македонската берза беа реализирани 288 трансакции со вкупен

Видео- фото: Вообразената Џенифер Лопез

Нејзиниот начин на однесување кон другите луѓе се чини дека повторно е спорна тема… Сè се случи на годинешното доделување на наградите „Златен глобус 2026“. Иако настанот одамна заврши, некои детали сè

Џоломарите од Ресава парите собрани за Василица ќе ги вложат во старото училиште за развој на етно туризам

 Од џоломарската група информираа , дека по отворањето на етно соба во старата училишна зграда, во план им е да направат и апартмани, за престој на туристите кои сакаат да го посетат

ЕСМ Снабдување со топлина: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите

Нормализирана е испораката на топлинска енергија за најголем дел од потрошувачите во Центар, Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода и Автокоманда, по денешниот прекин поради дефект лоциран на бул. „Крсте Мисирков“, соопшти попладнево
Go toTop