Албанската полиција уапси три лица поврзани со убиството на судијата Калаја, потфрлило обезбедувањето во судот

October 7, 2025
1 min read

 Во инцидентот се повредени уште три лица. мотивот за ваквиот чин засега е непознат. По пукањето, како што пренесуваат албанските медиуми, Шкамби сам се предал, по што веднаш бил приведен.

Убиството ја шокираше целата албанска јавност, парламентот денеска работата ја започна со едноминутен молк за убиениот судија, а дебатата продолжи во насока како во иднина да се заштитат  судиите .

-Мислам дека сите државни институции, вклучувајќи ги креаторите на политики, спроведувачите на законот и независните институции се почувствуваа лошо, но и беспомошно на некој начин, бидејќи без разлика колку и да го кревавме нашиот глас за проблемите со кои се соочува судскиот систем, и во правната комисија и во извештајот кај народниот правобранител и oценките кои ги наведе во изминативе осум години за прогресот на судските реформи, ние не успеавме да застанеме покрај судиите.  – Ерлинда Баланка

Алармот се вклучи и кај македонското Здружение на Судии. Ваквиот чин е напад врз достоинството на судската функција велат од здружението, повикувајки на внимателност околу јавното коментрирање на судските пресуди,  бидејќи со тоа наведуваат може да се создаде атмосфера на недоверба.

-Овој чин претставува сериозен напад врз независноста и достоинството на судиската функција и е потсетник дека судиите мора да можат да ја извршуваат својата работа слободно, професионално и без страв за личната безбедност. Владеењето на правото е можно само кога судството е заштитено од каков било притисок или закана. Здружението упатува апел до сите релевантни институции и чинители во општеството да придонесат кон зачувување на достоинството и безбедноста на судиската професија. –се вели во соопштението на Здружението на судии.

Делегацијата на ЕУ експресно побара албанските власти да ја обезбедат безбедноста на судиите. Албанскиот премиер Еди Рама побара најекстремен правен одговор за инцидентот. Според албанските медиуми, Шкамби имал судски процеси во кои требало да докаже дека е законски сопственик на објект во кој живеат 31 семејство, додека тие, пак, тврделе дека тој ги фалсификувал документите за насилство и насилно се обидувал да го преземе нивниот имот. Нејасно е засега како го внел оружјето во судницата.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ова е потегот на Чаби Алонсо со кој ги воодушеви фановите! (ВИДЕО)

Следно

Нобеловата награда за физика им припадна на тројца квантни научници од САД

Latest from Blog

Дортмунд со рутинска победа на стартот во Бундеслигата

ФОТО:facebook.com/BVB/ Фудбалерите на Борусија Дортмунд го победија Хамбургер со 2:0 на почетокот од Бундеслигата. Дортмунд оствари рутинска победа на домашен терен, а прашањето за победникот беше решено во првиот дел од натпреварот.

Побунети војници го нападнаа аеродромот и претседателската палата во Нигер (ВИДЕО)

Четири извори на Ројтерс изјавија дека бунтовни војници стојат зад нападот. Државната телевизија и радио престанаа да емитуваат околу 8 часот наутро по локално време. Воените власти апелираа за смиреност и рекоа

„ПОВЕЌЕ БИЗМАРК, ПОМАЛКУ ХИТЛЕР“, повеќе од 19, помалку од 20 век. Повеќе германска величина, помалку криминал

AfD сè уште држи над 40 проценти во анкетите на јавното мислење пред регионалните избори во Саксонија-Анхалт на 6 септември, а дебатата за можна забрана на AfD продолжува во Германија. Пред еден
Go toTop