Низ турскиот воздушен простор изминатата година реализирани 2,3 милиони летови

January 30, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Низ турскиот воздушен простор минатата година реализирани се 2,3 милиони летови, вклучително и над половина милион прелети, покажуваат официјалните податоци собрани од Анадолу.

Бројот на летови е зголемен за 5,5 отсто на годишна основа минатата година, што значи еден лет на секои 14 секунди на турското небо, се вели во податоците на Дирекцијата на Државната управа за аеродроми.

Од 2002 година, бројот на земји со коишто Туркије има договори за воздушен транспорт е зголемен повеќе од двојно, од 81 на 175, а бројот на меѓународни дестинации се зголеми од 60 во 50 земји на 349 дестинации во 132 земји.

До крајот на 2024 година, во рамки на домашниот воздушен сообраќај реализирани се 902.078, а во меѓународниот сообраќај 866.779 летови.

Бројот на комерцијални летови беше 1,4 милиони.

Турскиот министер за сообраќај и инфраструктура, Абдулкадир Уралоглу, рече дека поволната географска положба и културолошката позиционираност на Туркије на пресекот на континентите, многуте цивилизации и транспортни коридори го овозможија овој нејзин успех. Бројот на активни аеродроми во земјата се зголеми од 26 во 2002 година на 58 минатата година.

Уралоглу истакна дека со инвестициите реализирани во последните 22 години, Туркије може да се пофали со најшироката мрежа на летови во светот.

„Можеме да достигнеме до 1,5 милијарди луѓе и бруто-домашен производ (БДП) од 51,2 билиони долари во радиус на лет од четири часа, бидејќи Туркије има централна позиција во однос на 67 земји“, рече тој.

„Оваа година ќе се стремиме да обезбедиме континуиран успех на нашата цивилна авијација, да го подигнеме задоволството на нашите патници и да ја обезбедиме потребната опрема со проекти поволни за животната средина“, додаде тој.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пратеникот на Трамп за Блискиот Исток: Американскиот заложник ќе биде ослободен од Газа утре

Следно

Македонија продолжува да го губи населението, се повеќе млади се иселуваат од земјава

Latest from Blog

Тркалезна маса за можноста за воведување уставна жалба

Подигнување на свеста и поттикнување суштински институционален дијалог за можните уставни измени и законодавни реформи поврзани со воведување уставна жалба, како механизам за директна заштита на основните слободи и права пред Уставниот

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази
Go toTop