Низ патарите лани поминале 62.662.988 возила – приход од над 66.5 милиони евра

January 2, 2025
1 min read

На патарините во државава лани е регистрирана  фреквенција на 62.662.988  возила, а наплатата изнесува 99,2 проценти. 

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) денеска соопшти дека 2024 година ја заокружи со остварен приход од над 66.5 милиони евра по основ на наплата на патарини.

Во споредба со 2023 година тоа се 270 милиони денари или над 4.32 милиони евра повеќе.

– За намалување на бројот на т.н неплаќачи, ЈПДП во периодот од август до декември 2024 година организираше 23 акциски контроли заедно со Државниот инспекторат за транспорт и со асистенција од МВР, со што може да се констатира дека имавме повеќе од успешна година, велат од ЈПДП.

 Учеството на електронската наплата се движи околу 33 проценти. Од отпочнување на електронската наплата на 3-ти  јули 2019 до 20-ти декември 2024 година, продадени се вкупно 242.080 електронски уреди од кои, 203.828 М-смарт картички и 38.252 М-таг уреди. За тој период направени се вкупно и 1.842.224 поединечни надополнувања на електронските уреди на различни суми, а вкупната сума за надополнувања досега изнесува 3.509.815.300 денари.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЈПДП заработило над 66,5 милиони евра од патарини

Следно

Израелски воени авиони извршија воздушен напад југозападно од Дамаск

Latest from Blog

Руте: Видовме што им се случи на бродовите вчера. САД мораа да го нападнат Иран

„Мислам дека беше апсолутно неопходно, бидејќи постои примирје, а Иран очигледно го крши. Видовме што се случи вчера со нападите врз бродовите“, рече Руте денес во Анкара, на маргините на самитот на

Еврокомесарката Кос и министрите Јаневска и Сали во посета на студентскиот дом „Стив Наумов“

Министерката за образование и наука Весна Јаневска и првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали, заедно со комесарката за проширување на Европската Унија, Марта Кос ќе го

Швајцарија славеше по пенал – серијата и си закажа дуел со Аргентина! Познати се сите двојки во 1/4 финалето!

ФОТО:.facebook.com/Swiss.Nati.Men/ Швајцарија е последниот патник во четвртфиналето. Откако по истекот на регуларниот дел и по двете продолженија 2Х15 минути беше 0:0 против Колумбија, победникот беше решен по изведување на пеналите. И тоа

Тошковски – Рита Колумбија: Заедничка посветеност за поефикасна превенција и заштита од родово базирано насилство

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски остварил средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во Македонија, Рита Колумбија, на која се разговарало за унапредување на соработката во областа на превенцијата и справувањето
Go toTop