ЈПДП заработило над 66,5 милиони евра од патарини

January 2, 2025
1 min read

Изминатата 2024 година низ патарините во земјава поминале 62.662.988 возила, за што биле наплатени над 66,5 милиони евра.

Како што соопшти Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) наплатата изнесувала 99,2 отсто, со што 2024 година ја заокружиле со остварен приход од над 66.5 милиони евра по основ на наплата на патарини.

Во споредба со 2023 година тоа се 270 милиони денари или над 4.32 милиони евра повеќе.

„За намалување на бројот на т.н неплаќачи, ЈПДП во периодот од август до декември 2024 година организираше 23 акциски контроли заедно со Државниот инспекторат за транспорт и со асистенција од МВР, со што може да се констатира дека имавме повеќе од успешна година“, велат од ЈПДП.

Електронската наплата учествува со една третина од вкупната наплата на патарина. Од отпочнување на електронската наплата на 3-ти  јули 2019 до 20-ти декември 2024 година, продадени се вкупно 242.080 електронски уреди од кои, 203.828 М-смарт картички и 38.252 М-таг уреди. За тој период направени се вкупно и 1.842.224 поединечни надополнувања на електронските уреди на различни суми, а вкупната сума за надополнувања досега изнесува 3.509.815.300 денари.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Над 66.5 милиони евра остварен приход по основ на наплата на патарини

Следно

Низ патарите лани поминале 62.662.988 возила – приход од над 66.5 милиони евра

Latest from Blog

Кина бара од Иран да влијае врз Хутите, целта е да се спречи натамошното ширење на конфликтот во Црвеното море

Барањето следело по апелот на Саудиска Арабија до Пекинг..Хутите во изминатата недела ги засилија  активностите  долж брегот на Црвеното море. Тие напредуваа и во близина на стратешкиот теснец Баб Ел-Мандеб.Кина јавно повика

Флорентино Перес патува во Сеута за да се извини за гестот на Мбапе, Винисиус и Конате?!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, во петок ќе отпатува во шпанската енклава Сеута, објавија медиумите во Шпанија. Перес ќе биде придружуван од Емилио Бутрагењо и почесниот претседател на клубот, Хозе Мартинес
Go toTop