Нинисто: Финска е подготвена да пристапи кон НАТО и без Шведска

February 22, 2023
1 min read

Доколку ја добие последната преостаната ратификација за својата кандидатура за НАТО, Финска е подготвена да се приклучи кон Алијансата без оглед на тоа каков напредок ќе постигне Шведска во процесот на пристапување, изјави денеска финскиот претседател Саули Нинисто.

Финскиот парламент го иницираше процесот за ратификација на приемот на оваа нордиска земја во НАТО, без разлика што и Шведска и Финска истовремено поднесоа барање за влез во Алијансата.

Блумберг пренесува дека Турција сè уште претставува пречка за влез на Шведска, додека членството на Финска повеќе не е проблем.

-Нашиот парламент ќе ја донесе својата одлука и доколку Турција и Унгарија ја ратификуваат нашата кандидатура, ние ќе станеме членки на НАТО, рече Нинисто на заедничката прес-конференција со премиерите на Шведска и Норвешка.

Коментарот на Нинисто е последниот сигнал дека Финска се подготвува да влезе во Алијансата без Шведска, нејзиниот сосед и близок сојузник чија кандидатура за членство не е одобрена од Турција.

Нинисто инсистираше на тоа дека неговата изјава не треба да се толкува како најава дека Финска се оградува од својот сосед, но се очекува финските пратеници да гласаат за ова прашање веќе на 28 февруари.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Бајден: Ќе ја браниме секоја педа од територијата на НАТО 

Следно

Во вечерните часови продолжува расправата за реконструкција на Владата

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop