Нинисто: Членството на Финска во НАТО сега е во рацете на Турција

February 17, 2023
1 min read

Судбината на кандидатурата на Финска за членство во НАТО е во рацете на Турција, изјави денеска финскиот претседател Саули Нинисто.

Финска и Шведска поднесоа барања за влез во НАТО во мај по руската инвазија на Украина. Сепак, членката на алијансата Турција се спротивставува на нивното членство, обвинувајќи ги за засолнување организации што ги смета за терористички.

Финскиот Парламент одлучи денеска да гласа на 28 февруари за да ја одобри потребната легислатива за да и се овозможи на земјата да стане членка на НАТО, изјави претседателот на парламентарната комисија за надворешни работи Јуси Хала-ахо.

„Ова е израз на нашата волја. Позицијата на Турција кон нашата волја и исклучиво и само во рацете на Турција“, изјави Нинисто на маргините на Минхенската безбедносна конференција.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Вечерва во 360°: Вообичаена одлука или „мала правна брука“ на Стразбур?

Следно

Бесими: Платите за здравство ќе се исплатат од Трезорот, ако до понеделник не се реши проблемот на ФЗО

Latest from Blog

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се

Челникот на Анадолу на изложбата на İstanbul Photo Awards: Секоја фотографија ја пренесува состојбата на светот

ИСТАНБУЛ (АА) – „İstanbul Photo Awards“ уште еднаш покажува дека секоја фотографија со документарна вредност не е само слика туку јазик за разбирање и пренесување на состојбата на светот и суштината на
Go toTop