Нинисто: Членството на Финска во НАТО не е насочено против никого

April 4, 2023
1 min read

Пристапувањето на Финска во НАТО не е насочено против ниту една земја, порача претседателот на Финска, Саули Нинисто, во изјавата по повод приемот на земјата во НАТО.

„Членството на Финска во НАТО не е насочено против никого. Тоа не ги менува ниту основите или целите на надворешната и безбедносната политика на Финска“, потенцираше тој во изјавата објавена на Твитер.

Тој истакна дека Финска е стабилна и предвидлива нордиска земја која има тенденција да ги решава споровите по мирен пат.

„Принципите и вредностите кои се важни за Финска ќе продолжат да ја водат нашата надворешна политика и во иднина“, истакна Нинисто.

Најзначајниот придонес на Финска за заедничкото одвраќање и одбрана на НАТО ќе биде во обезбедувањето и одбраната на нашата сопствена територија, рече претседателот на Финска, набргу откако неговата земја официјално стана 31-та земја што се приклучи на алијансата.

Според него, претстои уште значителна „работа“ за да се координира одбраната на Финска како дел од заедничката одбрана на НАТО.

Нинисто посочи дека ќе продолжи блиската соработка за градење заедничка безбедност во целиот нордиски регион.

Претседателот на Финска додаде дека земјата интензивно ќе работи на обезбедување на членството на Шведска во НАТО.

„Членството на Финска не е целосно без членството на Шведска. Интензивно продолжува работата за што поскоро членство на Шведска“, наведе Нинисто во соопштението.

Финска и Шведска заеднички аплицираа за влез во НАТО по рускиот напад врз Украина во февруари 2022 година.

Од постојните членки на НАТО, само уште Унгарија и Турција не ја ратификувале апликацијата на Шведска за членство.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Екипи на „Паркови и зеленило“ во акција – се кастрат надвиснати гранки на дрвја

Следно

Извонредно погрешниот напад на Тикток

Latest from Blog

Тони домати и праски од Албанија блокирани во Хрватска, содржеле пестициди и никел

– Во официјално соопштение од EFSA беа објавени резултатите од лабораториските тестови, каде што дозволеното ниво  е 0,01 мг/кг, додека резултатот достигна вредност од 0,06 мг/кг. Опасните домати беа произведени на земјоделски

Солзите на Скалони: Најголемиот во историјата веројатно за последен пат игра за Аргентина!(ВИДЕО)

Во пресрет на квалификацискиот меч за СП 2026 со Венецуела, емотивно беше на прес – конференцијата на Лионел Скалони, селекторот на Аргентина. Имено познато е дека кариерата на Лео Меси е при

Услугите на Google паднаа низ цела Европа

Некои услуги на Google, вклучувајќи го и YouTube, беа привремено недостапни денеска во Турција и делови од Европа, вклучувајќи ги Грција и Германија, според турскиот заменик-министер, надзорните тела за интернет и корисниците

Мисајловски: Воената академија е столбот врз кој се градат идните офицери и подофицери на Армијата

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денес ја посети касарната „Гоце Делчев“ каде се одбележуваше 30 години од основањето на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – столбот врз кој се градат идните офицери

Студенти од Нови Сад најавија протест: „Србијо, дали се слушаме?“ во петок од 19 часот

Новосадските студенти во блокада објавија дека протестот „Србијо, дали се слушаме?“ ќе се одржи во петок, 5 септември во Нови Сад, со почеток од 19 часот. Стартната точка е крстосницата на улицата
Go toTop