Нил Јанг се врати на Спотифај

March 15, 2024
1 min read

Нил Јанг тивко се врати на Спотифај после две години бојкот на најголемата стриминг платформа за музика. Ваквиот потег не мина без реакции, на пример од легендата на бразилското џиу-џицу, Гордон Рајан.

Да се потсетиме: Нил Јанг бучно го најави повлекувањето на својата музика од Спотифај во знак на револт што на истата платформа е Џо Роган, кого вакциналните првоборци го рачунаа за антиваксер. Тоа беше почеток на една крстоносна војна во која на Јанг му се приклучија и Џони Мичел, (за кратко) Кросби, Стил и Неш…

“Кога немаш никакoв морал, тогаш си Нил Јанг“, напиша Рајан, изненаден од најновиот потег на легендарниот музичар и офтика морализатор од времето на пандемијата.

Во тоа време Роган беше ексклузивец на Спотифај, под договор од 100 милиони долари. Сега е со договор од 250 милиони, не не ексклузивно на Спотифај, туку го има и на Јутјуб, Амазон, Епл….

Токму вадењето на клаузулата за ексклузивност Јанг ја искористи како алиби за враќање на платформата, во неговото пасив-агресив објаснување:

„Спотифај, број 1 стримерот на музика со ниска резолуција во светот – Спотифај, каде што добивате помал квалитет од оној кој ние го правиме, повторно ќе биде дом на мојата музика. Мојата одлука доаѓа бидејќи музичките сервиси Епл и Амазон почнаа да ги опслужуваат истите функции за подкаст дезинформации на кои своевремено се спротивставив. Не можам туку така да ги напуштам Епл и Амазон, како што направив со Спотифај, бидејќи тогаш мојата музика би имала многу мал излез за љубителите на музиката, така што се вратив на Спотифај, со искрена надеж дека квалитетот на звукот ќе се подобри и луѓето ќе можат да ја слушнат и почувствуваат целата музика која ја правиме.

********

Нил Јанг зад себе има 42 албума. Вика дека единствена песна за која се кае дека ја направил е оваа:

 

 

 

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Агелер: Мора да престанат притисоците врз судската власт

Следно

Еурофарм Пелистер се засили со хрватскиот голман Филип Ивиќ

Latest from Blog

Трамп го отстрани, но не се извинува видеото на кое Мишел и Барак Обама се прикажани како мајмуни

Трамп призна дека им наложил на помошниците да го објават, но тврди дека не го видел навредливиот дел од видеото.  Контроверзната снимка се појави на една од објавите на неговата платформа truth

Хачико – Битола: Кучињата инволвирани во нападот врз дете не се бездомни туку се од месното население

Од прифатилиштето за кучиња „Хачико“ – Битола информираат дека денеска добиле пријава за инцидент во кој дете помало од две години било каснато од куче во населбата Баир. Настанот, според пријавата, се

Хачико Битола: Случајот со каснатото дете се однесува на кучиња од месното население

Од прифатилиштето за кучиња „Хачико“ – Битола информираат дека денеска добиле пријава за инцидент во кој дете помало од две години било каснато од куче во населбата Баир. Настанот, според пријавата, се

Македонска технологија во служба на европска престолнина – Возило на Green Machines чисти во Будимпешта

Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина. Иако по димензии е
Go toTop