Никушар дан-проевропскиот градоначалник на Букурешт, победи на претседателските избори во Романија

May 19, 2025
1 min read

Никушар Дан, проевропскиот градоначалник на Букурешт, победи на повторените претседателски избори во Романија. Тој освои 54% од гласовите, додека неговиот ултрадесничарски ривал Ѓорѓе Симион, кој беше фаворит, обезбеди околу 46% проценти од гласовите.

Победата на Дан се толкува како јасна поддршка на граѓаните за проевропската ориентација и одбивање на екстремниот национализам. По прогласувањето на победата, поддржувачите на Дан скандираа: „Русија, не заборавај, Романија не е твоја“. Високата излезност од 65% и значајното учество на дијаспората, особено од Италија, Германија, Велика Британија и Шпанија, ја нагласија важноста на овие избори.

– Гласањето ја докажа неверојатната моќ на романското општество. „Изборите се заедница. На денешните избори победи заедницата на Романци кои сакаат длабока промена во Романија. – Никушар Дан, победник на претседателски избори во Романија.

Симион прво одби да ги признае резултатите, тврдејќи дека е победник со разлика од 400.000 гласови и обвинувајќи за изборен фалсификат. Тој се самопрогласи за претседател и повика на „обединување на Романија“, иако официјалните резултати го демантираа. Сепак, по пребројани повеќе од половина од гласовите, тој ја призна победата. 

Претседателските избори во Романија во 2025 година беа обележани со политички тензии и обвинувања за странски вмешувања. Првата рунда на изборите беше поништена од Уставниот суд поради наводно руско влијание во корист на кандидатот Калин Георгеску. Изборите беа дополнително комплицирани со обвинувања за руска кампања на дезинформации преку социјалните мрежи, особено на Телеграм. Меѓу останатите честитки, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, му честиташе на Дан за победата на претседателските избори во Романија, истакнувајќи дека граѓаните го избрале патот на „силна и просперитетна Европа“. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Уништуваме сè што остана во Газа, светот не може да нè запре“, изјави израелскиот министер Смотрич

Следно

Без промени во енергетскиот систем, следниот „блекаут“ е само прашање на време

Latest from Blog

НАПАДНАТА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА: Покрената е итна истрага за инцидентот

Европската комисија истражува сајбер напад врз нејзините веб-страници, а првичните наоди укажуваат дека некои податоци можеби се украдени, објави денес ЕК. Извршното тело на ЕУ изјави дека нападот е откриен во вторник

ФОТО: Скијачката сезона на Попова Шапка продолжува!

Ски-центарот работи секојдневно со одлични услови и подготвени патеки за сите љубители на зимските спортови, информираат од Ски центарот на Попова Шапка. -Почитувани посетители, скијачката сезона на Попова Шапка продолжува! Ски центарот

Проданоски: Прилеп ја негува и развива културната сцена

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Продановски, вечерва присуствуваше на изложбата и мултимедијалниот перформанс „Оган“ на академската уметница Бојана Артиноска. Настанот се одржа во духот на современ уметнички израз, носејќи силна визуелна енергија и
Go toTop