Николовски: Заплените се зголемени за 48 проценти, изготвен е и нов Протокол со БЈБ за заедничко делување

November 5, 2024
1 min read

Бројот на случаи на заплени во изминатите четири месеци е зголемен за 48 проценти, а соработката на национално и меѓународно ниво е значително унапредена. Изготвен е нов протокол со Бирото за јавна безбедност, а со поддршка на ОБСЕ, се со цел унапредување на меѓуинституционалното делување и жестока борба со сериозен криминал. Ова е јасен показател за нашата посветеност во борбата против пролиферација на мало и лесно оружје, истакнал директорот Бобан Николовски на Конференцијата на високо ниво за соработка меѓу полицијата и царината за мало и лесно оружје и за криумчарење мигранти во Југоисточна Европа во организација на ОБСЕ.

На маргините на конференцијата Николовски остварил средби и со претставници на CIVIPOL на којашто беше дискутирано за отпочнување на активности за вклучување на Царинската управа во заедничките центри за соработка со полицијата.

Николовски, како што соопшти Царинската управа, ја истакнал и посветеноста за развој на К9 единицата како исклучителна важна за спречување на нелегалната трговија на мало и лесно оружје, при што ги поздрави активностите на ОБСЕ и донаторите за изградба на регионален К9 тренинг центар на МВР.

-Од аспект на преземените активности во борбата со сериозен криминал директорот истакна дека зајакнати се и капацитетите на мобилните тимови. Од 1 јули до 31 октомври мобилните тимови оствариле 85 заплени, споредбено со само 59 заплени во претходните седум месеци. Доставен е и извештај за сериозен организиран криминал што ќе биде основа за анализа и изготвување нова Национална проценка за закани од областа на сериозен криминал, посочил Николовски.

Активностите што се преземаат за спречување на пролиферација на оружје, како што нагласил, се согласно и со Стратегијата на Царинската управа за спречување на недозволена трговија со огнено оружје и муниција, како и Акциониот план во надлежност на Секторот за контрола и истраги.

Николовски на конференцијата го истакна значењето во спроведување ефикасни контроли како и континуираното вложување во развојот на човечкиот капитал како клучно во заложбите за жестока борба со сериозен криминал.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

11 декември е крајниот рок за поднесување на листата со кандидати за февруарските парламентарни избори

Следно

Сообраќајот на магистралниот пат Скопје – Граничен премин Блаце вратен во нормала

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop