Николовски за роднините во М-НАВ: Чичко ми е вработен таму пред да се родам, а внукот е школуван во Јапонија, зарем тоа ви е најбитната тема?

January 16, 2024
1 min read

Немам никаква врска со вработувањата на мојот чичко и на внукот во М-НАВ, изјави денеска Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. Тој на денешното потпишување на Договорот со шпанската фирма „Глобалтек“ за поставување фотоволтаици на вода беше прашан за вработувањето на неговите роднини во ова државно акционерско друштво во кој неодамна се случи и инцидент со упадот на група насилници. Тој во еден момент почна и да се расправа со новианри околу тоа за кои теми треба да се покажува интересот.

-Не коментирам дали нечија фирма е семејна, ваква или онаква. Тоа не е моја работа. Моја работа е да работам чесно, стручно, искрено, отчетно и професионално. Платен сум да се грижам за македонското земјоделство, да работам во интерес на земјоделците и медиумите треба да обрнат поголемо внимание на тоа. Уште еднаш ќе повторам, чичко ми е вработен во М-НАВ уште пред да се родам, а внукот е школуван 20 години надвор од државата, во Јапонија, Кина и Словенија. Знате за каков кадар станува збор? За највисокот стручен кадар. Чичко ми работел во М-НАВ уште пред 40 – 50 години, зарем мислите дека некој што не е роден може да влијае на некој што стручно се усовршувал и се вработил пред 1983 година? И тоа ви е најбитната тема? Зошто не бевте на брифингот кога го заокружувавме сработеното во земјдоелството за 2023 година? Не е убаво да праќате порака дека квалитетот не треба да се цени. Треба да ги отвориме вратите, секој да има еднакви шанси, а јас не сум влијаел. Имаше и постапка во ДКСК која е комплетно затворена. Вие може да проверите низ сите институции каква била постапката и дали станува збор за некој што не е квалификуван или школуван и дали доаѓа во областа што треба, истакна Николовски.

Според него, земјава треба да има професионална администрација и да му обезбеди шанса на секого.

-Од што се незадоволни младите? Од тоа што немаат шанса, а јас имам докажано дека вработените во мојот Кабинет како вицепремиер за борба проитв корупција ниту ги имам бирано, ниту имам влијаено, туку ги запознав дента кога завршија сите постапки и со тоа дадовме пример дека може да се стави крај на непотизам, партиски влијанија и партизација. И во МЗШВ ја отворивме вратата за студенти, за 50 млади за кои немам никакво влијание, ниту знам кои се и како се. Важно е дека се стручни и професионални, одработија најдобро и на новиот модел и на новата реформа. За разлика до овој наратив, се борам секој млад човек да остане тука, а не да го демотивираме и да пратиме порака: „тука не бива – бегајте“. Жалам што наместо да се интересирате за темите од делот на земјоделството, се обидувате директно да ширите невистини и лаги. Имавме брифинг за новинарите и жалам што во годината на над 100 проекти тие не се промовираа, напомена министерот.

Извор: skopskoeho.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Слаб снег на Шапка и во Маврово, магла во Крушево

Следно

Франција стопи милиони парички, затоа што ги утнале ѕвездите

Latest from Blog

Барселона во финалето на Суперкупот го декласира Реал Мадрид

Барселона го освои рекордниот 15. трофеј во шпанскиот Суперкуп, откако убедливо го совлада големиот ривал Реал Мадрид во спектакуларното финале во Џеда. „Ел Класико“ одиграно во Саудиска Арабија, на стадионот „Крал Абдула“,

„Моето најдлабоко сочувство оди до оние кои претрпеле непоправливи загуби“: Давкова за разорните пожари во Лос Анџелес

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вели со длабока загриженост ги следи вестите за разорните пожари што беснеат во Лос Анџелес. „Моите мисли се со сите кои се погодени од оваа трагедија, со семејствата

Поради неспособноста на Трипуновски нема откуп на оризот – СДСМ предлага 2 мерки како решенија

Власта ги остави на цедило оризопроизводителите. Неспособноста на Цветан Трипуновски создаде криза со откупот на оризот и оризовата арпа.  Од 28.000 тони откупени се околу 6.000 тони или едвај околу 20% од

Ракометарите со минимална победа во последната проверка пред СП

Машката ракометна репрезентација на Македонија ги заврши подготовките за настапот на Светското првенство (СП) кое се игра овој јануари со победа. Нашиот национален тим во последниот контролен дуел победи против Зеленортски Острови
Go toTop