Николовски: Проблемот со мечките е комплексен, Собранието да не го блокира и побрзо да го донесе законот за ловство

September 30, 2023
1 min read

реклама

 Надлежните институции деновиве се во интензивна комуникација за да се надмине проблемот со зголеменото присуство на кафеава мечка во Маврово и Ростуше која ги загрозува жителите. Како што информира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, без согласност на Министерството за животна средина не може да има отстрел, а од друга страна државата мора да ја гарантира безбедноста на населението.

Прашањето е многу комплексно, напомена, зашто мечките кај нас се заштитени и има забрана за отстрел.

реклама

Ова е нова состојба, оцени Николовски, но и уште една причина Законот за ловство и дивеч кој е во собраниска процедура побрзо да се донесе и да не се блокира, бидејќи во него е регулирано како се постапува кога во урбани средини и други населени места се загрозени животот на луѓето и објектите.  

Министерот потврди дека во понеделник ќе има состанок за да се одлучи дали ќе и се предложи на Владата прогласување кризна состојба, а екипи на Министерството за земјоделство веќе биле на терен на средба со жителите во Маворово и Ростуше.

реклама

-Ова е комплексно прашање за кое деновиве интензивно разговараат сите засегнати. Екипи на МЗШВ и раководителите на надлежните сектори за ловство и шумарство беа на терен, на средба со жителите во Маворово и Ростуше. Во 1997 година ние сме ја прифатиле со Закон ратификацијата на Конвенцијата со која мечките се заштитиени и од тој период нивниот број расте. Секако дека забраната за отстрел постои, а и станува збор за Национален парк во кој МЗШВ нема ингеренции. Но, тука сме согласно законските регулативи да помогнеме да се најде решение зашто жителите се навистина во страв. Ова е нова состојба и тоа е уште една причина Законот за ловство и дивеч кој е во собраниска процедура да не биде блокиран и биде изгласан зашто во него постои можност кога има во урбани средини и други населени места загрозување на животот и објектите е регулирана постапката, но од друга страна мора да го имаме и химаниот пристап. Во понеделник ќе има состанок за да се одлучи дали ќе и се предложи на вчадата прогласување кризна состојба. И утрово имавме состанок, ги разгледуваме сите механизми. Но, без согласност на Министерството за животна средина не може да има дозвола за отстрел, а од друга страна државните институции мора да ја гарантираат безбедноста на жителите во тие региони, истакна Николовски, одговорајжи на новинарски прашања по изјавата со која го најави претстојниот втор Национален саем за храна и пијалоци „Вкуси ја традицијата“ што ќе се одржи на 7 октомври.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов вчера соопшти дека во Националниот парк Маврово, но и на други подрачја на државата е забележано зголемено присуство на кафеава мечка, а Општината Маврово и Ростуше поради ваквата ситуација побара прогласување кризна состојба. 

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Полицијата на Лос Анџелес интервенираше против ерменски демонстранти кои упаднаа на конференција за Туркије

Следно

БиХ: Милорад Додик едногласно реизбран за претседател на СНСД

Latest from Blog

Костовски ја започнува големата градежна офанзива во Љуботен: По 27 години, се реконструираат сите главни улици!

Градоначалникот на општина Бутел и воедно кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за втор мандат, Дарко Костовски, информираше за започнување на нова фаза на инфраструктурни работи во населбата Љуботен. „Токму што ја започнавме изградбата на

18 години од загинувањето на Тоше Проески

На годишениот маратон во чест на Тоше учество зедоа 14 учесници Нив ги пречекаа учениците и грагани од Крушево, кои со рози на главната улица во градот, им посакаа добредојде. Во Крушево

Официјалната истрага утврди дека подморницата „Титан“ имплодирала поради лоша конструкција

Во несреќата загинаа сите пет лица на подморницата, вклучувајќи го и директорот на „Оушенгејт“, Стоктон Раш. Според извештајот на Националниот одбор за безбедност на сообраќајот (NTSB), процесот на развој на инженерството на
Go toTop