БиХ: Милорад Додик едногласно реизбран за претседател на СНСД

September 30, 2023
1 min read

ДОБОЈ (АА) – Милорад Додик денеска едногласно е реизбран за претседател на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД) на седмото Собрание на партијата одржано во Добој, јавува Анадолу.

Додик, кој немаше противкандидат, го поддржаа 937 делегати кои учествуваа во работата на Собранието и го избраа претседателот на партијата.

Милорад Додик, кој е актуелен претседател на босанскохерцеговскиот ентитет Република Српска (РС), им се заблагодари на сите делегати кои му дадоа поддршка со пораката дека му дале „сила да продолжи да се бори за РС.“

Собранието на СНСД избра и нов Главен комитет на партијата од 410 членови.

На Собранието едногласно е усвоен и Статутот на партијата кој содржи одредени новости кога е во прашање организацијата и зајакнувањето на довербата на членството во партијата и нејзините определби.

На Собранието на СНСД во Добој присуствуваа над 2.000 гости, симпатизери на партијата и други високи претставници од Босна и Херцеговина и други земји.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николовски: Проблемот со мечките е комплексен, Собранието да не го блокира и побрзо да го донесе законот за ловство

Следно

Физички се пресметале во објект во с. Требош, а потоа едниот извадил пиштол и се заканувал!

Latest from Blog

„Пајакот“ е екстрадиран во САД- терористот со години беше под заштита на претседателот на Колумбија

Џовани Андрес Рохас се соочува со обвиненија за трговија со дрога и тероризам во Соединетите Држави. Со години, тој беше портпарол и еден од водачите на Командос де ла Фронтера, бунтовничка организација

Социјалните мрежи вријат: Се бараат оставки, се повикува на бојкот … (Фото)

Македонија загуби со 2-0 на гостувањето кај Словенија, што за нашата репрезентација е десетти меч без победа во серија. Дополнително, 607 минути немаме постигнато гол. Тоа беше доволна причина да „зовријат“ социјалните

ВИДЕО | УЖАС НА ТВ ЕКРАНИТЕ: Автомобил удри девојче додека ТВ екипа снимаше во живо во Полска

Телевизиска екипа го снимила моментот кога автомобил удрил 14-годишно девојче, кое се движело со електричен тротинет во северна Полска. На снимката се гледа црн автомобил кој свртува во споредна улица и го
Go toTop