Николовски-Агелер: Извонредни резултати на Царинската управа во сузбивање на криминалот и прибирање повисоки приходи во Буџетот

March 8, 2025
2 mins read

Извонредни резултати од страна на Царинската управа во изминатите осум месеци во делот на прибирање на приходи во Буџетот, сузбивање на криминалот и заштита на граѓаните. Соединетите Американски Држави се стратешки партнер на Република Македонија, и ќе бидат силен поддржувач на политиките што ги спроведува Царинската управа. Ова беше клучната порака од посетата на амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Ангела Агелер, директорката на Канцеларијата за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите Вирџинија Елиот и заменик шефот на Канцеларијата за билатерална воена соработка, Даниел Силвер.

„Моето присуство овде е да Ви се заблагодарам и да Ви честитам за резултатите во изминатите осум месеци кои се воодушевувачки. Благодарност до царинските службеници кои се на границите и ги штитат граѓаните. Чекорите што ги преземате се многу значајни за нас, но уште повеќе за вашите граѓани и безбедноста на државата. Истовремено, поголемата наплата на приходи значи повеќе средства за вашите граѓани. Ние сме ваши партнери, пријатели и тука ќе бидеме за вас“, истакна амбасадорката Агелер на средбата со директорот на Царинска управа Бобан Николовски, заменик директорот Гарип Каба и тимот одржана во рамки на посетата на Царинската управа.

Директорот Николовски изрази особена благодарност до Владата на САД за континуираната поддршка во спроведување на активностите насочени кон зајакнување на капацитетите на Царинската управа.

„Само во втората половина од 2024 година наплатени се една милијарда евра, или близу 65 милиони евра повеќе од истиот период претходната година. Годинава во јануари се остварени приходи од 148,5 милиони евра или 5,2 милиони евра повеќе од истиот месец минатата година, додека во февруари се остварени приходи од 312,15 милиони евра, или 9 милиони евра повеќе од минатата година. Во однос на реализираните заплени, во цела 2024 година евидентирани се вкупно 410 случаи при што 305 случаи на заплени се евидентирани во втората половина од годината. До ОЈО во 2024 година поднесени се вкупно 89 кривични пријави, од кои 69 кривични пријави се поднесени во втората половина од годината. Со засилено темпо работиме и годинава, при што се остварени 74 случаи на заплени, а преку Секторот за контрола и истраги поднесени се 35 кривични пријави за 69 физички лица и 16 правни лица до Основно јавно обвинителство и до Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција“, истакна директорот Николовски, особено осврнувајќи се на случаите каде е откриен и спречен сериозен криминал.

Притоа Николовски ја потенцира важноста од продлабочување на досегашната соработка се со цел остварување на заедничките приоритети за економска трансформација преку спроведување ефективни трговски политики и интензивирање на трговската размена, како и сузбивање на транснационалниот криминал и корупцијата.

Директорот на состанокот остварен во рамки на денешната посета информираше дека како стратешки партнер во НАТО, Царинската управа се координира и комуницира со службите на Армијата сѐ со цел олеснување на увозот и побрз прием на оклопните возила што на Армијата ѝ се потребни за зајакнување на капацитетите и исполнување на обврските во рамки на НАТО.

Во рамки на посетата амбасадорката и тимот го посетија и Дежурниот Оперативен Центар при Царинската управа каде беше презентиран системот за видео надзор и системот за препознавање на регистарските таблички, како и центарот за обуки со помош на виртуелна дигитална напредна технологија.

Воедно беше презентирана и опремата донирана од САД која ја користат царинските мобилни тимови од Одделението за оперативни работи за откривање на обиди за шверц, а беа извршени и презентации каде царински кучиња од К9 единицата ги демонстрираа вештините во откривање на оружје, дрога и пари.

Амбасадорката упати честитки до царинските службеници, инспекторите во царинските мобилни тимови, и до инспекторите при Секторот за контрола и истраги во нивните особени напори во спречување на секој обид за криминал.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Грчките пратеници не ѝ изгласаа недоверба на актуелната Влада

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Од вазалство до хистерија-политичка хипокризија на Филипче и СДС на дело!

Latest from Blog

Погребот на папата Франциск во сабота

Во сабота во 10 часот ќе почне погребот на папата Франциск. Десетици кардинали од целиот свет итно се сретна во Рим каде беа договорени деталите за последното испраќање на поглаварот на римокатоличката

Асмир Јахоски останува во притвор, Кривичниот совет го одби неговото барање да биде пуштен

Кривичниот совет на одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Асмир Јахоски, осомничен за перење пари и други приноси од казниво дело, поднесен

Судот го одби барањето на Јахоски за замена на притворот со гаранција

Кривичниот совет при Одделението за гонење организиран криминал и корупција на Основниот кривичен суд Скопје, по разгледување на предлогот поднесен од осомничениот А.Ј. преку неговиот бранител – за замена на мерката притвор

Ердоган на средба го прими генералниот секретар на Советот на Европа, Берсет

АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на средба го прими генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсет, јавува Анадолу. Средбата во Претседателскиот комплекс во Анкара беше затворена за новинарите.
Go toTop