Николоски: ВМРО-ДПМНЕ е за достоинствено одбележување на 4 февруари

January 30, 2023
1 min read

Очекувам на 4 февруари да има една достоинствена манифестација, достоинствено одбележување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Но, поважен е контекстот и сето она што се случува сега со Бугарија, тука се нашите главни забелешки. Се сруши како кула од карти политиката на оваа Влада на СДСМ и ДУИ кои во континуитет ја водат од 2017 година кога го потпишаа Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија за кој за жал се виде дека не е ни за добрососедство, ни за пријателство и последниве случувања и се виде дека таа политика на попустливост не дава резултати и не ја води Македонија никаде, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во Тема на денот што се емитува во рамки на централниот Дневник на телевизија Сител.

Тој потсети дека целите на Бугарија се непроменети во последниве 150 години или Бугарија мисли различно од тоа што ние мислиме за себе, Бугарите мислат дека не постои македонски јазик, односно дека тоа е јазична норма на бугарскиот јазик и дека македонската нација е вештачка творба и тоа се драматични разлики кои не можат да се спојат.

Николоски укажа дека ВМРО-ДПМНЕ сака да има достоинствено одбележување и затоа го вклучува Патриотскиот институт, бидејќи не институциите под Владата немаат капацитет за достоинствено одбележување.

„Институциите се длабоко дерогирани во изминатите години, професионалноста е на многу ниско ниво, вториот и посуштински дел е односот на Владата кон ова негаторско однесување на Владата кон Македонија и Македонците, затоа реков политиката на постојано попуштање доживува фијаско, удрија во темелите на македонскиот јазик и народ и како никогаш порано од 1944 од АСНОМ до денес не се урнати повеќе позициите и никогаш повеќе не било удрено во темелите почнувајќи од потпишување на Договорот со Бугарија па се до сега“, посочи Николоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Макрон не исклучува можност за испраќање борбени авиони за Украина

Следно

Тедеско главен кандидат за нов белгиски селектор

Latest from Blog

Спектакл и шок за Арсенал: Солзи на “Емирејтс“, овој Јунајтед е некој друг, фантастичен Јунајтед!

ФОТО:facebook.com/manchesterunited/ Уф, каков спектакл на “Емирејтс“? Ова го може само во Премиерлигата. Супер – дербито меѓу Арсенал и Манчестер Јунајтед заврши со триумф на гостите од 2:3. Ете тоа е ефектот наречен

Oбилни дождови и високи температури: Какво време најавуваат од УХМР за следните денови?

Претежно облачно време ќе преовладува денеска низ земјава, со повремени локални врнежи од дожд, најизразени во северозападните и југоисточните делови. На повисоките планини врнежите повремено ќе бидат во форма на слаб снег.

Аталанта со “покер“ ја “поздрави“ Парма, Џенова ја доби Болоња!

ФОТО:facebook.com/atalantabc/ Аталанта славеше против Парма во Бергамо со резултат од 4:0. Избраниците на Џан Пјеро Гасперини ја оправдаа улогата на фаворити против „Млекарите“. Домашниот тим поведе во 15-тата минута кога Џанлука Скамака
Go toTop