Николоски: Од јуни се воведува градски воз меѓу Прилеп и Битола

April 16, 2026
1 min read

Од јуни се очекува да биде воспоставена нова меѓуградска железничка линија Прилеп – Битола – индустриската зона „Жабени“, со цел олеснување на движењето на граѓаните додека траат градежните работи на автопатот Прилеп – Битола.

Иницијативата предвидува воведување на градски воз кој ќе сообраќа меѓу двата града и индустриската зона, а повратната карта би чинела 150 денари. Новата линија треба да овозможи побрз и поефикасен транспорт, особено за вработените во зоната „Жабени“ и за граѓаните кои секојдневно патуваат меѓу Прилеп и Битола.

Според најавите, сегашниот патен правец се користи со намален капацитет поради изградбата на автопатот, чиј завршеток се очекува во пролетта 2029 година, што дополнително ја зголемува потребата од алтернативен превоз.

Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, истакна дека се работи на финализирање на планот и дека веќе се водат разговори со директорите на железничките претпријатија. Тој изрази очекување дека проектот ќе стане реалност најдоцна до јуни.

Новата линија се гледа како привремено, но значајно решение за подобрување на поврзаноста и олеснување на секојдневниот транспорт во регионот.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Продолжи судењето за „Пулс“: Одбраната бара директно сослушување на сите сведоци

Следно

Анри: Реал Мадрид мислеше дека е недопирлив, сега навивачите ќе плачат!

Latest from Blog

ОКУЛТЕН РИТУАЛ ИЛИ НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ? Мистериозната смрт на 35-годишен Британец во Сицилија ги крена сите на нозе

Британски државјанин е пронајден мртов во изолирана заедница на „хипици“ во Сицилија, а се шпекулира дека можеби учествувал во „езотерични ритуали“, пишува британски „Телеграф“. Италијанската полиција ја истражува смртта на Бенџамин Џон

Продадени се 5.000 влезници, селекторот ги повика навивачите да ја поддржат репрезентацијата

Фудбалската репрезентација на Македонија со меч против Швајцарија, идната сабота во Скопје, го започнува настапот во дивизијата „Б“ на Лигата на нации. Билетите веќе се во продажба по цени кои се движат

Мечка се обиде да влезе во просторија во која беа руски биатлонки!(ВИДЕО)

Невообичаена ситуација во Сочи – мечка се обиде да влезе во просторијата каде што се подготвуваат руските биатлонки. Руската шампионка Ина Терешченко објави видео од средбата на социјалните мрежи. На него се

Коњановски: Битола со Европската недела на мобилност чекори кон град пристапен за сите

Во рамките на Европската недела на мобилност, денеска граѓани од различни возрасни групи и лица со попреченост ја истражуваа Битола за да видат колку нашиот град е пристапен, безбеден и прилагоден за
Go toTop