Николоски: Авиолиниите Женева и Париз ги воведуваме за дијаспората, работиме за воведување на прекуокеaнски летови

January 22, 2025
1 min read

Женева – Скопје беше линијата што ја бараше дијаспората и на нивно барање од оваа година стартуваме со редовни летови на релација Женева – Скопје. Втората значајна линија што ја воведуваме е од Париз од аеродрoмот Орли до Скопје. Во меѓувреме работам и на воведување и прекуокеански летови и таргет е северноамериканскиот континент, истакна вицепремиерот Александар Николоски во гостувањето на ТВ Алфа.

Со промената на политиката на субвенционирање ги најдовме слабостите и решивме да одиме со нова политика и таа политика дава резултати бидејќи за шест месеци воведуваме 9 нови дестинации, додаде вицепремиерот Николоски.

Од Скопје воведени се нови линии кон Барселона, Лион, Дубаи, Штуtграт и Амстердам, а од Охрид кон Базел и Истанбул, за што вицепремиерот истакна дека овој е најзначен лет за охридскиот аеродром.

-Женева – Скопје е огромен успех. Голема македонска дијаспора живее во Швајцарија и во Франција. И ова многу ќе значи за нашата дијаспора, досега требаше да го користат приштинскиот аеродорм за да дојдат или да одат преку конектинг летови. И втириот лет е од Париз до Скопје, од аеродромот Орли кој што е само на петнаесетина километри од популарната Шанзелизе улица. Така што очекувам и многу туристи од Франција да доаѓаат во Македонија и да ја користа оваа поволност. Дополнително очекувам и други линии во наредниот период, потенцираше вицепремиерот Николоски.

Тој најави и дека работи и на воведување на прекуокеaнски летови.

-Многу работам на тоа. Toa e доста покомплицирана операција. Имајќи предвид дека се потребни посебни безбедносни протоколи, но исто така да се исплатливи тие летови треба да има и повеќе патници. Но сум умерен оптимист дека Скопје може да стане третиот аеродром на Балканот од каде што ќе се лета прекуокеански. За Скопје и за Македонија ќе значи многу ако имаме и ние ваков лет, тоа ќе значи многу за развој на туризмот, бизисот и ќе значи и за имиџот на Македонија бидеќи ќе биде на мапата на прекуокеански летови. Го таргетираме Северноамериканскиот континент, истакна вицепремиерот Николоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Косово во Давос потпиша договор за слободна трговија со ЕФТА

Следно

Пуштени во употреба 42 километри автопат и 31 километар пруга за само две недели: Не само во Македонија, ниту во регионот досега ова се нема случено

Latest from Blog

Невиден скандал на изборот на Мис Универзум- мисиците ја напуштија салата додека се доделуваа титулите (ВИДЕО)

За време на официјалната церемонија на доделување лента, се случи вербална расправија помеѓу претседателот на натпреварот и мексиканската претставничка, што доведе до тоа толпата што протестираше да ја напушти салата. Снимките од

Затворен аеродромот во Брисел – забележан бил дрон

Аеродромот во Брисел е привремено затворен откако вечерва беше забележан дрон, според белгиската служба за контрола на воздушниот сообраќај и портпаролот на аеродромот. Портпаролката изјави дека и дојдовните и појдовните летови во

3 најчести женски сексуални фантазии! Многу ги сакаат, но се срамат да го признаат тоа

ајчесто жените не ги споделуваат своите сексуални фантазии со партнерите, тоа го потврдила и една онлајн анкета во која жените откриле што би сакале да пробаат во кревет. Секс пред огледало Нема

Градоначалникот Коњановски ги додели наградите 4-ти Ноември за култура и образование

На свечената академија по повод 81-вата годишнина од ослободувањето на Битола, беа доделени традиционалните општински награди за најуспешни поединци и институции. Највисоката награда за животно дело годинава му беше доделена на ликовниот
Go toTop